СНИМАТЕЛ И ВИДЕО ЕДИТОР ЗА НЕДВИЖНОСТИ
Опис на позицијата:
- Агенцијата за недвижности Дора Инвест бара креативна и проактивна личност со технички вештини за снимање и уредување на висококвалитетни видеа од недвижности. Оваа позиција е идеална за луѓе кои се пасионирани за видеопродукција, сакаат динамична работа на терен и се насочени кон создавање професионални материјали кои ќе го истакнат потенцијалот на нашите имоти.
Работни задачи:
- Снимање на промотивни видеа за станови, куќи и други недвижности.
- Монтажа и едитирање на видеа со користење на професионални софтвери (Adobe Premiere, Final Cut Pro или слично).
- Креирање на визуелно атрактивни и ефективни видеа за дигитални платформи и социјални мрежи.
- Организација и поставување на сцените за снимање (осветлување, агли, композиција).
- Осмислување на кратки видеа и динамични тури низ недвижностите кои ја пренесуваат вистинската вредност на објектите.
- Соработка со тимот за маркетинг и продажба за да се усогласат со целите на кампањите.
- Архивирање на снимениот материјал и грижа за опремата за снимање.
Потребни квалификации:
- Искуство во снимање и видео-уредување (портфолио ќе се смета за предност).
- Техничко познавање на камери, дронови и софтвери за видеомонтажа.
- Способност за работа на терен и флексибилност во работното време.
- Креативност и внимание на детали.
- Добри организациски и комуникациски вештини.
- Возачка дозвола и активен возач – предност.
Нудиме:
- Конкурентна заработувачка зависно од искуството и учинокот.
- Обука за усовршување на техниките за снимање и уредување.
- Динамична работа во професионален и пријатен тим.
- Можност за работа со најсовремена опрема за снимање.
- Флексибилно работно време.
- Можности за професионален раст и развој во стабилна компанија.
Придружете се на нашиот тим и помогнете ни да создадеме извонредно визуелно искуство за нашите клиенти!
Аплицирајте со испраќање на ваша кратка биографија/CV на најдоцна до 07.01.2025 година. Напоменуваме дека ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор. Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост.