Административен асистент
Скопје
Rok prijave:
- ЛСГ БИЛДИНГ СОЛУШНС д.о.о.Загреб Хрватска - Подружница Скопје
- Adresa: ул.Вељко Влаховиќ бр.1А/1-4, 1000 Скопје
- Web: http://www.lsg-group.eu/
ЛСГ БИЛДИНГСОЛУШНС д.о.о. Загреб - Подружница Скопје е компанија лоцирана во Македонија, дел од бизнис групацијата ЛСГ ГРУП која потекнува од Австрија, која испорачува комплетни решенија од областа на: електротехника, јака и слаба струја, греење, вентилација, климатизација, противпожарни системи, водовод и канализација, безбедносни системи, мерна, управувачка и регулациска техника, технички системи на згради според системот “клуч на рака”, обновливи извори на енергија, дизајн и планирање, управување со работата и одржување, водење и развој на проекти.
Поради зголемен обем на работа, ЛСГ БИЛДИНГСОЛУШНС д.о.о. Загреб - Подружница Скопје има потреба од вработување на:
Административен асистент
- ССС/ВСС
- Пожелно е економско образование или повеќе години искуство на слични позиции
- Искуство во работа со пакетот MS Office (Outlook, Excel, Word)
- Познавање на англиски јазик
- Пожелно е поседување на возачка дозвола Б, активен возач
Задачи:
- Евиденција и архивирање на документација и водење на општи административни работи
- Набавка на канцелариски и репрезентативен материјал и работна опрема ,одела
- Работа во Koram по потреба
- Телефонски контакт со колеги и други странки
- Организирање на преводи или преведување на помали текстови
- Примање на странки и грижа за нив • Водење на влезна и излезна пошта
- Организирање, прием и испраќање пошта и пакети
- Водење на податоци за бизнис партнери и постојано ажурирање
- Грижа за службените возила – водење на евиденција и документација
- Патни налози евиденција и пресметка
- Резервирање на сместување и превоз на вработените и бизнис партнери
- Административна помош за секторот финансиии
- Други активности по налог на директорот или надредениот.
Вид на вработување: постојан работен однос со пробен период од 4 месеци.
Почетна плата: 31.000,00 дeнари
Вашата биографија, мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
• Преку полето Брза Апликација најдоцна до 09.01.2025
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Administrativna zanimanja iznosi 20.922 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!