ЕКСПАНДА Е ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ЕНТУЗИЈАСТИ КОИ ИМААТ ИСКЛУЧИТЕЛНА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ ВО ТИМОТ КОЈ ПОСТОЈАНО НАПРЕДУВА И РАСТЕ!
Пријавете се за позицијата и бидете еден од новите двајца колеги во овој тим!
Локации: СКОПЈЕ и ТЕТОВО
Што претставува IQOS™?
Како IQOS Консултант ќе бидете одговорни за:
- Зголемување на продажбата и унапредување на процесите кај IQOS деловните партнери;
- Координирање, посета и контрола на деловните партнери од својата територија по претходно утврдена агенда;
- Одговорен за креирање на нарачки од страна на деловните партнери;
- Контрола на залиха и избегнување на OOS (out of stock);
- Асистенција при потпишување нови договори за деловна соработка;
- Асистенција и обука при имплементирање на софтвер за малопродажба кај секој нов деловен партнер.
Доколку сте:
- Комуникативни, убедливи и ориентирани кон потребите на потрошувачите;
- Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
- Ориентирани кон иновации и нови технологии;
- Тимски ориентиран со желба за работа во динамична средина.
И поседувате:
- Најмалку IV степен стручна подготовка (пожелно универзитетска диплома);
- Познавање англиски јазик (основно ниво на познавање);
- Познавање MS Office (основно ниво на познавање);
- Возачка дозвола Б категорија (задолжително активен возач);
- Искуство во продажба (пожелно во малопродажба).
Ние ви нудиме:
- Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим;
- Нето месечна заработка од 39.000 МКД + атрактивен месечен бонус до 18.000 МКД во зависност од работниот учинок;
- Службено возило;
- Работно време: 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза Апликација. Рок за доставување пријави e до 15.01.2025. година.
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.