Вработување ХР Солутионс за потребите на клиент од сектор на производство и дистрибуција на облека.
објавува оглас за:
Менаџер на големопродажба
Одговорности:
- Развој и анализа на продажба во големопродажниот канал
- Успешно менаџирање со тим
- Градење и оддржување на позитивна соработка со коминтенти
- Следење на развој на пазарот и конкуренцијата (потенцијал, трендови, активности)
- Истражување на нови бизнис можности
- Навремено ажурирање и обезбедување на поврат на пазарот на нови производи, како и промени во цените
- Подготовка на извештаи за реализирана продажба
- Креирање и имплементирање на стратеги на продажба и во согласност со компаниските цели
Потребни квалификации:
- Високо образование
- Претходно искуство во продажба (големопродажба) - особено лидерска позиција во продажба се смета за предност
- Задолжително познавање на Англиски јазик
- Задолжително да поседува Возачка Б – категорија
- Да поседува вештини за менаџирање и работа со тимови
- Да ја познава продажбата и да е насочен кон остварување на продажни цели (таргети)
- Високо развиени аналитички, логичко-нумерички вештини
- Високо ориентиран кон остварување на цели
- Проактивен вработен со самоиницијатива во извршување на работни задачи
- Менаџирање, успешно со времето поставување правилно работни приоритети
Што нудиме:
- Стартна фиксна нето плата + Бонусен систем на месечно ниво
- Работно време од 08-16ч (пон-петок), викенди и празници слободни
- Службено возило
- Бенефицирана програма за лојални вработени
- Обезбедени технички средства за работа
Ве покануваме да ја поднесете вашата апликација преку полето Брза Апликација, со ваша биографија.