Vrabotuvanje.com - Асистент по административно работење / Модератор на дигиталната содржина на Корпа апликацијата - Скопје - Korpa Doo
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Асистент по административно работење / Модератор на дигиталната содржина на Корпа апликацијата

Скопје

Rok prijave:

  • Korpa Doo


 

Korpa е онлајн сервис за достава на храна и намирници до вратата на корисниците, нивните канцеларии или на која било друга посакувана адреса.

Компанијата е основана во Македонија во 2021 година, моментално е достапна на територијата на град Скопје и брои повеќе од 300 партнери, вклучувајќи голем број на ресторани, продавници за храна и пијалоци, аптеки, цвеќарници и многу други специјализирани продавници.

Станува збор за qCommerce платформа која им нуди на своите корисници можност да направат нарачка преку апликацијата Korpa и истата да им биде доставена во рок од 20-50 минути од моментот на нарачката.

Доколку имате интерес и сакате да станете дел од нашиот тим и брзо растечкиот свет на е-трговијата, ве покануваме да се пријавите за следната работна позиција:

АСИСТЕНТ ПО АДМИНИСТРАТИВНО РАБОТЕЊЕ / МОДЕРАТОР НА ДИГИТАЛНАТА СОДРЖИНА НА КОРПА АПЛИКАЦИЈАТА

Обврски и одговорности:

  • Водење на дигитална содржина на Корпа апликацијата
  • Внесување и креирање партнери во апликацијата
  • Внесување менија на партнерите во апликацијата
  • Вршење корекции и доработка на менијата по барање на партнерот
  • Управување со содржината на апликацијата и тековните промоции
  • Административни работи

Посакувани квалификации, вештини и способности:

  • Познавање на англиски јазик
  • Со или без претходно работно искуство
  • Прецизност и посветеност во работењето
  • Исклучително внимание на деталите и аналитички вештини
  • Тимска работа
  • Компјутерски вештини
  • Добри интерперсонални и комуникациски вештини
  • Организациска способност, независност, одговорност и проактивност

Ви нудиме:

  • Договор за вработување
  • Работа во динамична и забавна околина
  • Извонредна можност за учење и напредок
  • Одлични современи услови за работа, со обезбедена потребна деловна опрема и пријатен канцелариски просто

Работно време:

  • 40 часа неделно
  • 08:00-16:00 ч

Пријава:

  • Сите заинтересирани кандидати својата биографија може да ја испратат на info@korpa.mk
  • Рокот за пријавување е 15 дена од датумот на објавување на огласот

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Administrativna zanimanja iznosi 20.922 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje