Асистент за Продажба на Услуги
Скопје
Rok prijave:
- Групација Венерас Дооел
- Adresa: ул.Рајко Жинзифов бр.30, 1000 Скопје
- Web: https://venerasgroup.mk/
Групација Венерас е во потрага по амбициозни, организирани и проактивни професионалци кои ќе се приклучат на нашиот тим. Нудиме можност за работа во динамична и поддржувачка средина, каде што вашите идеи и иницијативи ќе бидат вреднувани.
Со петнаесетгодишно искуство, Венерас е водечка компанија која постојано се развива и проширува, обезбедувајќи услуги според највисоките европски стандарди. Како компанија која ги вреднува своите вработени, се стремиме да обезбедиме најдобри услови за работа и можности за професионален развој.
Работна позиција: Асистент за продажба на услуги-локација Скопје
Почетна плата: 30.000 - 50.000 денари
Основни Одговорности:
- Поддршка на тимот за продажба во подготовка и обработка на понуди за клиенти.
- Комуникација со потенцијални и постоечки клиенти преку телефон, е-пошта и други канали за продажба.
- Организација и координација на состаноци и презентации за продажба.
- Одржување и ажурирање на база на податоци за клиенти и продажни активности.
- Подготовка на извештаи за продажба и анализа на резултатите.
- Следење на трендовите на пазарот и предлагање стратегии за зголемување на продажбата.
- Учество во креирање на маркетинг кампањи и промотивни активности.
- Поддршка на административните задачи поврзани со процесот на продажба.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (предност имаат кандидати со завршен правен или економски факултет).
- Претходно искуство во продажба или поддршка на продажба, особено во услужниот сектор.
- Одлични комуникациски вештини, со способност за градење и одржување на односи со клиенти.
- Способност за работење во динамична средина и исполнување на продажни цели.
- Добри организациски вештини и способност за управување со повеќе задачи истовремено.
- Познавање на компјутерски програми, особено Microsoft Office систем.
- Проактивен пристап, со желба за учење и професионален развој.
- Способност за анализа на пазарот и идентификација на нови можности за продажба.
- Познавање на повеќе јазици ќе се смета за предност.
Ние нудиме:
- Можност да бидете дел од компанија која поттикнува чувство на припадност и обезбедува силна поддршка;
- Пријатна и мотивирачка работна атмосфера;
- Работни услови усогласени со европските стандарди;
- Можности за брз кариерен напредок и професионален развој во рамките на компанијата.
Доколку сте креативни, поседувате значајни професионални вештини и сакате да ја изградите својата кариера во Групација Венерас, ве покануваме да аплицирате. Вашето CV можете да го испратите преку полето Брза Апликација
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Administrativna zanimanja iznosi 20.922 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!