Vrabotuvanje.com - Магационер – Спремач на роба - Скопје - АЛМА - М ДООЕЛ
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Магационер – Спремач на роба

Скопје

Rok prijave:

Ние во Алма-М веќе 33 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Алма - М објавува ОГЛАС за следната работна 

Магационер – Спремач на роба

 

Датум на објава: 3 Јануари 2025
Рок за пријавување до 23 Јануари 2025
Број на оглас: О-250103-ЛМ-МП
Сектор: Логистика
Локација: СКОПЈЕ
 
 
Работни задачи:
  • Подготовка на нарачки (спремање роба),
  • Броење на роба за време на пописи на месечно ниво, 
  • Прием на роба со внесување по локации,
  • Проверка на рокови и декларации,
  • други работи по налог на претпоставен.
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Минимум завршено средно образование,
  • Флексибилност за работа, фокусираност,
  • Професионално однесување и организираност,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен, проактивен и насочен кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени.
 
Потребно искуство:
  • Претходно работно искуство не е потребно.
 
Работни услови:
  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
  • Дневно работно време е од 08.00-16.00 часот од понеделник до петок.
  • Паричниот износ на нето плата за огласеното работно место, изнесува до 32,000.00 МКД во зависност од работната успешност.
     
 
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
 
Напомена:
  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласот се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
  • Ве молиме без телефонски јавувања
 
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje