Vrabotuvanje.com - Продавач - Тетово - Тетово - МАКПЕТРОЛ АД
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Продавач - Тетово

Тетово

Rok prijave:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 

За вработување на 4 (четворица) работници на определено време од 5 (пет) месеци, (со можност за продолжување на договорот) во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на работно место продавач на бензинска станица во Тетово во Регион Полог во Дирекцијата за малопродажба.

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство од најмалку 2 (две) година;

 

  • Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.
  • Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
  • Основната плата за горенаведените работни места изнесува 30.000 денари.
  • Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
 
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација
Кратка биографија; 
Копија од диплома за завршено образование
Копија од други стекнати дипломи и уверенија (доколку поседува)
Препорака од претходен работодавач;​
Уверение од кривична евиденција;
 
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 

лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Administrativna zanimanja iznosi 20.922 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje