ФЕНИКС Фарма ДООЕЛ е водечка веледрогерија на локалниот пазар и е член на германската групација PHOENIX, која е присутна во 25 земји ширум Европа. Водејќи се од нашата визија да бидеме најдобриот интегриран давател на здравствени услуги, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.
Доколку сте прилагодливи, амбициозни, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:
РЕФЕРЕНТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
Обврски и одговорности:
- Пратење на огласи по јавни набавки
- Собирање потребна документација (покана за учество) на тендери
- Подготовка на потребна документација за учество на тендер
- Проследување на договори по основ отворени постапки и одлуки
Потребни квалификации, вештини и способности:
- ВСС-дипл.правник/дипл.фармацевт
- Работно искуство во аптека или веледрогериско работење ќе се смета за предност
- Познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office
- Возачка дозвола Б категорија
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја својата пријава на e-mail: personal@phoenixpharma.com.mk
Рокот за пријавување е 14 дена од датумот на објавување на огласот.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.
Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на огласот.
Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок на следната е-маил адреса: personal@phoenixpharma.com.mk