Комерцијалист - Тетово, Гостивар, Дебар
Тетово, Гостивар, Дебар
Rok prijave:
- КОЛИД ФУДС ДООЕЛ
- Adresa: ул.6 С.Колешино, 2400 Струмица
- Web: http://www.kolidfoods.com
Водечка компанија од областа на увоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка, застапник на реномирани брендови.
КОМЕРЦИЈАЛИСТ/КА
Реон: Тетово-Гостивар-Дебар
Тип на работа: Полно работно време
Работни задачи:
- Извршува редовна посета на сите коминтенти со кои компанијата соработува во горенаведениот реон, со цел продажба на производи од портфолиото на Колид , согласно нивната распределба по дивизии.
- Посетата на локалите ја врши според претходно утврден и зададен рут план.
- Врши преглед на состојбата во продажното место (store and stock check)
- Врши презентација на иницијативи
- Води грижа и обезбедува оптимална залиха на производи кај коминтентите, минимизира и разрешува out of stock ситуации.
- Се грижи и обезбедува наплата од сите коминтенти на својот реон.
- Води и издава уредна финансиска документација за извршената продажба
- Работните задачи ги извршува во согласност со утврдените месечни планови и ги следи зададените таргети за продажба.
- Спроведува одредени мерчендајзинг активности, подредување на производите по стандарди, контролирање на нивните рокови (ФИФО модел), следење на залиха на производи кај коминтентите и магацините.
- Ги контролира продажните цени на производите во продажните места и имплементира договорени маркетинг активности (летоци, акции и сл.)
- Активно ја следи конкуренцијата и дава предлози за подобрување на пласманот на производи и нивните позиции, со цел зголемување на продажбата
- Изготвува понуди за веќе постоечките и за нови коминтенти.
- Дава предлози за унапредување на продажбата и укажува на можности за соработка со нови коминтенти.
- Води грижа и ги одржува во исправна состојба доверените средства за работа
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено средно образование
- Флексибилност за работа на терен
- Одлична комуникација, преговарање и градење на однос со вработените во маркетите и коминтентите
- Професионално однесување
- Организираност и аналитичност
- Динамичност, проактивност и насоченост кон остварување на резултати
- Работа и познавање на MS Office пакет
- Возачка дозвола Б – категорија (активен возач)
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.
Вашата професионална биографија (CV) можете да ги испратите преку полето „Брза Апликација“.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!