Vrabotuvanje.com - Електро инженер - Прилеп - МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Електро инженер

Прилеп

Rok prijave:

  • МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП

За Микросам:

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 330 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити.  Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:
 

ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - Конфигурирање и дизајн на електрични системи

 

Основни одговорности и задачи:

  • Проектирање на системи за  автоматско  управување на CNC машини
  • Изработка на цртежи/електрични шеми
  • Контактирање и посета на добавувачи и купувачи во и надвор од Македонија
  • Пресметка, избор и нарачка на LowVoltage опрема
  • Истражување, избор и нарачка на различни типови сензори
  • Спремање на работни налози, планирање и следење на производство.

Квалификации и компетенции:

  • Завршен Електро факултет или при крај со студии
  • Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
  • Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
  • Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
  • Организиран превоз и храна

Отворената работна позиција е за во нашите канцеларии во Прилеп.

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку копчето Брза Апликација.

Рокот за пријавување е до 13.02.2025.

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Elektrotehnika iznosi 22.219 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje