Менаџер за индустриски услуги за чистење и продажба
Скопје
Rok prijave:
- Екодим
За нас:
ЕКОДИМ ДОО Скопје, како единствена членка на Европската асоцијација за хигиена за вентилација (EVHA), е специјализирана за професионални услуги за чистење на сува и мрсна вентилација, системи за климатизација, топлоизменувачи, чилери и слично, чистење на разни површини со употреба на најсовремена машина со сув мраз, чистење на фотоволтаични модули со помош на робот и др. Посветени сме на создавање здравa, енергетски ефикасна и чиста работна средина за постигнување на еколошка одржливост.
ЕКОДИМ ДОО Скопје - Приклучи се на нашиот тим!
Oвластена и сертифицирана од EVHA (European Ventilation Hygiene Association) – водечка европска организација која промовира највисоки стандарди за здравје, безбедност и квалитет во одржувањето на вентилациските системи. Членството во EVHA подразбира следење на најстрогите европски стандарди, обезбедување на професионална обука и сертификација на вработените според највисоките ЕУ регулативи – со што се гарантира сигурност и врвен квалитет на услугите.
Менаџер за индустриски услуги за чистење и продажба
Опис на позицијата:
Позицијата на Координатор за Индустриски Услуги за Чистење е одлична можност за професионалци кои сакаат да применат врвни стандарди за хигиена и вентилација дефинирани од EVHA (Европска Асоцијација за Вентилација и Хигиена). Работата вклучува организирање на продажба на услугите, координација на услугите за чистење, координација на тимови, обезбедување ресурси за ефикасно работење, изградба на долгорочни односи со клиентите и нивна поддршка.
Оваа улога бара иницијатива, флексибилност и посветеност кон задоволството на клиентите.
Потребни вештини и квалификации:
Образование и Искуство:
- Предност завршено високо образование во менаџмент, инженерство или сродни области.
Технички и Комуникациски Вештини:
- Предност разбирање на процесите за чистење и хигиена во индустриските простории и HoReCa.
- Вештини за комуникација со клиенти и ефективна тимска работа.
- Познавање на македонски и англиски јазик.
- Искуство во продажба ќе се смета за предност.
Клиентски Односи:
- Одржување позитивни односи со клиентите и обезбедување висококвалитетни услуги.
- Обезбедување консултации за клиентите врз основа на EVHA насоките.
- Навремено решавање на рекламации и препораки за подобрување на услугите.
Продажба на Услуги:
- Идентификување на нови клиенти и претставување на услугите.
- Подготвување на предлози и понуди за услуги во согласност со потребите на клиентите.
- Соработка со продажниот тим за развој на стратегии за привлекување нови клиенти.
Работа со Тимови:
- Организација и управување со тимовите и распоредите за обезбедување навремени и врвни услуги.
- Поттикнување на професионален развој преку обуки базирани на најдобрите индустриски практики.
Оперативна Поддршка:
- Координација со EVHA за имплементација на протоколи за чистење и мониторинг на резултатите.
- Планирање на активности и процеси за континуирано подобрување на квалитетот на услугите.
Што нудиме:
- Можности за професионален раст во индустрија која е во развој.
- Конкурентна плата и бонуси базирани на перформанси.
- Работно опкружување кое ја поддржува иновацијата и тимската работа.
Испратете го вашето CV и мотивациско писмо преку полето Брза Апликација
Напомена: Само апликантите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани. Апликациите без соодветна назнака нема да бидат разгледани.
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Instalacije, održavanje i popravci iznosi 24.722 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!