Vrabotuvanje.com - Возач (Дистрибутер) - Битола - КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Возач (Дистрибутер)

Битола

Rok prijave:

  • КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ

 

 
Колид С Тим е една од најголемите дистрибутивни компании во Македонија. Од нашето основање во 1994, нашиот извонреден раст и успех ги градиме на четири клучни столба: професионален тим, континуирана инвестиција во клучните ресурси, визионерски поглед и стратегиски фокус на задоволството на клиентите. Нашите искусни тимови испорачуваат извонредна услуга пресретнувајќи ги најсложените барања на големите системи, синџирите на продавници и другите трговци на мало. Покрај дистрибуцијата, нашите операции вклучуваат и сопствени производствени капацитети за нашите брендови како и синџир на продавници за малопродажба, кои заедно вработуваат над 400 посветени професионалци. Познати сме по нашата посветеност на одржливост и општествена одговорност и активно ги поддржуваме иницијативите на локалната заедница. Со основните вредности на флексибилност, пристапност, чесност и доверливост, тимот на Колид С Тим се гордее со пријателска, одговорна работна средина каде што нашите компетентни вработени секогаш се подготвени да пружат исклучителна услуга.
 
Бараме високо мотивирани Дистрибутери да се приклучат на нашиот динамичен тим. Ако имате пасија за работа која се извршува теренски и насоченост кон постигнување на резултати, би сакале да ве запознаеме.
 
Возач (Дистрибутер со Ц категорија)
 
 
Регион: Битола, Прилеп,  Охрид, Струга, Дебар, Македонски Брод и Кичево  
Позиција: Возач 
Известува До: Супервозор на дистрибутивен центар Битола
Сектор:  Логистика и дистрибуција
Тип на Работа: Полно работно време
Место на живеење на кандидатот:  Битола
 
 
Работни задачи:
  • Врши визуелен преглед на доставното возило секое утро пред да се започне со утовар на стока и пријавува евентуални недостатоци или дефекти на истото;
  • Навремена секојдневна достава на роба до купувачи, согласно поставените рут планови.
  • Се грижи за робата што ја доставува, за нејзината исправност и точност
  • Одговорен е за навремена и точна достава на роба до продажните објекти, 
  • Врши задолжување и раздолжување со документи ( товарни листови, фактури, испратници, патни налози, документација за стоката);
  • Одговорен е за задолженото возилото, односно се грижи за негово  одржување, сервисирање, регистрација и хигиена ;
  • Ги почитува позитивните законски прописи во сообраќајот;
  • Се придржува и ги почитува правилата и процедурите за утовар/истовар и достава на робата;
  • Составува записник за секој евентуален вишок / кусок на стока и истото го пријавува кај својот Претпоставен;
  • Ги чува и се грижи за доверените средства за работа
  • По налог го известува  координаторот на достава
  • Води уредна евиденција за патни налози, товарни листови и сл.
  • По налог на Претпоставен може да извршува и други работни задачи неопходни за непречен тек на работниот процес, согласно неговите квалификации. 
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Флексибилност за работа на терен
  • Одлична комуникација и градење на однос со вработените во маркетите и коминтентите
  • Професионално однесување, oрганизираност и аналитичност
  • Динамичност, проактивност и насоченост кон остварување на резултати
  • Возачка дозвола Ц – категорија
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност. 
 
Колид С Тим ви нуди:
  • Работен ангажман на полно работно време
  • Договор на определено време со можност за продолжување на неопределено време, согласно успешно завршување на работните задачи
  • Можност за личен и професионален развој, согласно покажаните резултати
  • Пакет производи за празници
  • Исплата на регрес за годишен одмор
 
*Предвиденото работно време за оваа позиција е од понеделник до петок (во I смена)
 
 
Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите преку полето „Брза Апликација“ со назнака во Subject:  Апликација за Дистрибутер (со Ц категорија), најдоцна до 23.01.2025 год.
 
Напомена:  Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции, од страна на Секторот за човечки ресурси.
Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата. Доколку не е согласен компанијата да ја зачува апликацијата, тоа треба да го наведе во меилот. 
 
Ги очекуваме сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови и кои сакаат да учат, да се развиваат и да напредуваат во успешна компанија да ги пратат своите апликации, 
бидејќи Колид С Тим нуди неограничени можности за сите компетитивни вработени насочени кон резултати. 
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje