Vrabotuvanje.com - Пикер (спремач на роба) - Скопје - КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Пикер (спремач на роба)

Скопје

Rok prijave:

  • КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ

 

 
Колид С Тим е една од најголемите дистрибутивни компании во Македонија. Од нашето основање во 1994, нашиот извонреден раст и успех ги градиме на четири клучни столба: професионален тим, континуирана инвестиција во клучните ресурси, визионерски поглед и стратегиски фокус на задоволството на клиентите. Нашите искусни тимови испорачуваат извонредна услуга пресретнувајќи ги најсложените барања на големите системи, синџирите на продавници и другите трговци на мало. Покрај дистрибуцијата, нашите операции вклучуваат и сопствени производствени капацитети за нашите брендови како и синџир на продавници за малопродажба, кои заедно вработуваат над 400 посветени професионалци. Познати сме по нашата посветеност на одржливост и општествена одговорност и активно ги поддржуваме иницијативите на локалната заедница. Со основните вредности на флексибилност, пристапност, чесност и доверливост, тимот на Колид С Тим се гордее со пријателска, одговорна работна средина каде што нашите компетентни вработени секогаш се подготвени да пружат исклучителна услуга.
 
Бараме високо мотивирани личности да се приклучат на нашиот динамичен тим. Ако се пронајдете во наведените карактеристики и сте насочени кон постигнување на резултати, би сакале да ве запознаеме.
 
 
Пикер (спремач на роба) 
(за Централен магацин во Скопје)
 
Место на извршување на работни задачи: Визбегово, Скопје
Позиција: Пикер (Спремач на роба) 
Известува До: Супервизор на магацин 
Сектор:  Логистика и дистрибуција
Тип на Работа: Полно работно време
 
 
Работни задачи:
  • Манипулира со стоката во магацинот во согласност со поставениот план,  процесите и по налог на претпоставениот;
  • Обезбедува добри услови за складирање согласно утврдените стандарди
  • Се грижи за безбедноста на производите, за нивно оштетување од било кој вид и за секоја настаната промена го известува Претпоставениот
  • Врши  припрема на роба согласно доставените нарачки за излез од магацин;
  • Одговорен е за навремено и точно спремање на робата согласно доставените нарачки
  • По налог на Претпсотавен проверува рок на важност на производите
  • Учествува во правење на пописи во магацинот, по налог на Претпоставен
  • Се грижи и ги чува основните средства кои му се доверени на користење 
  • Води грижа за безбедна и чиста работна средина, полици, палети и сл.
  • По налог на Претпоставен може да извршува и други работни задачи неопходни за непречен тек на работниот процес, согласно неговите квалификации. 
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Завршено средно образование
  • Професионално однесување
  • Организираност, следење на стандарди и упатства за работа 
  • Динамичност, проактивност и насоченост кон остварување на резултати
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност. 
 
Колид С Тим ви нуди:
  • Работен ангажман на полно работно време
  • Договор на определено време со можност за продолжување на неопределено време, согласно успешно завршување на работните задачи
  • Можност за личен и професионален развој, согласно покажаните резултати
  • Пакет производи за празници
  • Исплата на регрес за годишен одмор
 
*Предвиденото работно време за оваа позиција е од понеделник до петок (во I и II смена)
 
Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите преку полето „Брза Апликација“ со назнака во Subject:  Апликација за Пикер, најдоцна до 25.01.2025 год.
 
Напомена:  Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции, од страна на Секторот за човечки ресурси.
Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата. Доколку не е согласен компанијата да ја зачува апликацијата, тоа треба да го наведе во меилот. 
 
Ги очекуваме сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови и кои сакаат да учат, да се развиваат и да напредуваат во успешна компанија да ги пратат своите апликации, 
бидејќи Колид С Тим нуди неограничени можности за сите компетитивни вработени насочени кон резултати. 
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje