Vrabotuvanje.com - Менаџер на продавница - Охрид, Струмица и Тетово - Охрид, Струмица и Тетово - МЕГА-АУТОПАРТС ДООЕЛ
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Менаџер на продавница - Охрид, Струмица и Тетово

Охрид, Струмица и Тетово

Rok prijave:

  • МЕГА-АУТОПАРТС ДООЕЛ

 

МЕГА Ауто Партс е специјализирана компанија за увоз, дистрибуција и големопродажба на автомобилски оригинални резервни делови од реномирани производители од Германија и Западна Европа.  МЕГА Ауто Партс е основана во 1998 година и со текот на годините е изградена репутација на добро организирана компанија која нуди висококвалитетни автомобилски делови, одлична услуга и професионалност, позиционирајќи се како една од водечките компании во бизнисот со резервни автомобилски делови.
 
Поради зголемениот обем на работа  МЕГА Ауто Партс  го проширува својот тим и ги охрабрува мотивираните и талентирани професионалци да ги поднесат своите апликации за следните работни позиции:
 
МЕНАЏЕР НА ПРОДАВНИЦА (3 позиции)
Локација: Охрид, Струмица и Тетово
 
 
Потребни квалификации:
  • Минимум 3 години искуство во управување со продавница или слична работна позиција.
  • Одлични комуникациски и организациски вештини.
  • Способност за работа под притисок и решавање на проблеми.
  • Познавање на основни компјутерски програми (MS Office).
  • Познавање на пазарот на резервни делови ќе се смета за предност
 
Работни должности:
  • Управување со дневните операции на продавницата.
  • Надзор и обука на персоналот.
  • Обезбедување на висок квалитет на услуга за клиентите.
  • Управување со залихите и нарачките на производи. 
  • Развивање и имплементирање на стратегии за зголемување на продажбата.
  • Исполнување на месечните продажни таргети
  • Одржување на уредноста и чистота на продавницата.
  • Решавање на проблеми и жалби од клиенти.
  • Следење на финансиските перформанси и изготвување на извештаи. 
 
Способности и вештини:
  • Критичко размислување
  • Високо развиени организациски и аналитички способности
  • Способност за работа во тим и лидерски способности.
  • Комуникативна и позитивна личност
  • Желба за учење
  • Чувство за мултикултурализам и недискриминација
 
Доколку сте заинтересирани да градите кариера во нашата компанија и да бидете дел од нашиот тим Ве охрабруваме да испратите кратка биографија преку полето Брза Апликација со назнака за позицијата за кој апалицирате но не подоцна од  25.01.2025 година. 
 
*Напомена: Контактирани ќе бидат само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.
Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на регрутација и селекција се користат единствено за целта за која се побарани.
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje