Vrabotuvanje.com - Администратор и Технолог - Пробиштип - ИНДУСТРИ СЕРВИС ДОО
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Администратор и Технолог

Пробиштип

Rok prijave:

  • ИНДУСТРИ СЕРВИС ДОО
  • Adresa: ул. Магдалена Антова бр.32, 1000 Скопје
  • Web: http://industriservis.mk

 

Индустри Сервис ДОО – Скопје, компанија за организирана исхрана и индустриски кетеринг, вработува Администратор и Технолог во својата подружница бр.7 Таб Мак - Пробиштип

Администратор и Технолог
 

Што ви нудиме?

  • Работно време од понеделник до петок во прва смена
  • Пријатна работна атмосфера
  • Динамична и атрактивна работна околина
  • Договор за вработување на определено време со можност за трансформација на неопределено време.
  • Можност за професионално доусовршување

(АДМИНИСТРАТОР)
Опис на работни задачи:

  • Материјално работење во сметководствен програм (прием на влезни ф-ри, преноси, требувања по магацини, потрошоци)
  • Сложување залихи и правење пописи
  • Комуникација со клиентот на дневна основа (број на пријавени/послужени оброци, сложување евиденција на оброци
  • Блиска соработка со менаџментот за тековни прашања
  • Водење и грижа за персоналните досиеа на вработените од подружницата
  • И останати работи кои би произлегле од тековното работење

Потребни квалификации и способности:

  • Универзитетска диплома (Предност ќе имаат кандидатите со завршен Економски Факултет)
  • Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • Работа во тим и ориентираност кон исполнување задачи во рок
  • Високо развиени комуникациски вештини
  • Личност со развиена свест за одговорност и доверливост

(ТЕХНОЛОГ)
Должности и Одговорности:

  • Ги контролира техничко-технолошките процеси во кујната, вклучувајќи го просторот на објектот каде што се приготвува храната, ресторанот со линијата за послужување, магацинскиот простор со суровините и разладните уреди.
  • Превзема потребни активности за унапредување и осовременување на организацијата на работење за рационализација и реализација на угостителските услуги.
  • Одговорен за правилно спроведување на дефинираните процедури за работа, согласно имплементираниот ситем за управување со безбедноста на храната ISO 22000, и HACCP системот, како и негово континуирано надградување.
  • Одговорен за навремена имплементација на сите законски регулативи поврзани со безбедност на храна
  • Одговорен за обука за системите за квалитет и безбедност на храна за сите вработени и нововработени, водејќи грижа за правилно имплементирање на усвоените процедури за лична хигиена и здравствена состојба.

Потребни квалификации и способности:

  • Високо образование –Tехнолошки факултет/прехрамбено и биотехнолошко инженерство
  • Одлични организациски, аналитички и интерперсонални способности
  • Искуство со ситеми за управување со квалитет и безбедност на храна
  • Одговорност и доверливост
  • Прецизност и лична одговорност во работењето

Доколку сметате дека го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата професионална биографија преку полето Брза Апликација со назнака: Администратор”или “Tехнолог.

Веб страна: http://industriservis.mk/

 

 
 
Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Turizam i ugostiteljstvo iznosi 20.094 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje