Vrabotuvanje.com - Заменик раководител на машинска обработка - Велес - БРАКО ДОО
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Заменик раководител на машинска обработка

Велес

Rok prijave:

  • БРАКО ДОО

 

БРАКО е македонска металопреработувачка компанија која е основана во 1947 година и која произведува огромен асортиман на производи. Денес БРАКО е извозно ориентирана компанија со преку 500 вработени, каде над 90% од производите се наменети за извоз и претставува претпознатлив бренд за производство на секаков вид жичани производи, тешки метални конструкции (куќишта за хидро турбини, модуларни контејнери итн.), широка палета на медицински мебел и медицински помагала како и претпознатливите возила за чистење улици и јавни површини чие производство, склопување и развој се врши во Република Македонија.

 

Брако има потреба од:
 

ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА МАШИНСКА ОБРАБОТКА

 

Опис: Брако има потреба од раководител на одделот за машинска обработка на производи.

Потребни квалификации на кандидатот:

  • BCC - Дипломиран машински инженер (предност ќе имаат кандидати од производно машинство);
  • Најмалку 5 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Способност за обука на нови вработени;
  • Работно искуство во Autocad,SolidWorks,Esprit или друг CAM програмски софтвер. (Познавање на Esprit би било предност);
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Напредно познавање на работа со MS Office како и работа со апликативен софтвер;
  • Работно искуство во производна компанија ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б-категорија.

Пожелно е работно искуство во:

  • Организација и следење на плановите и процесите на производството;
  • Менаџирање на ресурсите во производството за поефикасно исполнување на технолошките постапки;
  • Планирање и организирање на работните задачи на вработените;
  • Изработка на дневни, неделни и месечни планови за производство;
  • Познавање на работа на универзални и CNC машини (вертикална глодалка, хоризонтален струг, порталка глодалка и борверк);
  • Изработка на технологии и програми за изработка на делови на универзални и CNC машини;
  • Познавање на оперативните системи на машините (Fanuc, Siemens, Haindenhain, HartRoll);
  • Изработка на техничка документација, технички цртежи и 3D модели.

Што нудиме:

  • Редовни примања и напредување
  • Исплата на К-15
  • Обезбеден топол оброк
  • Обезбеден превоз на трошок на компанијата од оддалечни места. 
  • Можност за работа во современа работна средина;
  • Можност за работа во докажана компанија со преку 500 вработени
  • Работа со професионален тим со големо искуство во областа
  • Можност за постојано надградување во кариерата преку учество на секаков вид на саеми, семинари и обуки во земјата и странство
  • Можност за соработка со докажани меѓународни партнери.

 

Сите заинтересирани да испратат CV преку полето Брза Апликација

Ќе бидат контактирани само кандидатите што ќе се изберат за интервју.

Прашања и повеќе информации на тел. 043 551 107 или 075-882-714.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Management iznosi 39.113 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje