Vrabotuvanje.com - Sales Specialist for food and Analytical Equipment - Скопје - ЛАБЕНА ДООЕЛ Скопје
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Sales Specialist for food and Analytical Equipment

Скопје

Rok prijave:

  • ЛАБЕНА ДООЕЛ Скопје

ЛАБЕНА ДООЕЛ Скопје, лабораториска, медицинска и процесна опрема ги повикува сите заинтересирани да се пријават на конкурсот за позицијата:

ЛАБЕНА е угледна фирма со повеќе од 30 години искуство во технолошките решенија за лабораториска и процесна аналитика. Нашите главни активности се нови технолошки решенија во областа на лабораториска аналитика во прехрамбената индустрија, науката и генетските истражувања, за кои соработуваме со водечките компании низ светот. Целта на нашата фирма е да остане успешна и позната во полето на нови решенија и набавки на високо технолошка лабораториска, процесна и медицинска опрема, како и да вложува средства во обука и проекти на сите потребни полиња во тие индустрии. Работиме на територијата на Словенија, Хрватска, БиХ, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија.

 
 
SALES SPECIALIST FOR FOOD AND ANALYTICAL EQUIPMENT
 
 
Опис на позицијата: : SALES SPECIALIST FOR FOOD AND ANALYTICAL EQUIPMENT
 
Локација: Скопје
 
Пожелни квалификации: 
  • Вишо или високо образование – Дипл. инж. по хемија, физичка хемија, земјоделие, технологија, металургија, ветеринарна медицина или друга слична професија
  • Минимум 1 година искуство во сервисна и/или апликативна поддршка и/или продажба во областа на медицинска и лабораториска опрема
  • Познавање на теренот на продажба на лабораториска опрема и главни странки
  • Подготвеност за самостојно извршување на инсталации, апликативна поддршка, валидации, а по можност и други основни сервиси кај странки
Работно искуство: најмалку 1 година како стручен специјалист за продажба сервисна или сервисен инженер во областа на лабораториска опрема 
 
Територија: Македонија
 
Очекувања:
  • Способност за самоорганизирање
  • Способност за работа во тим и соработка со колегите
  • Лојалност кон фирмата
  • Самостојно, ефикасно и усшешно исполнување на работните задачи и предизвици на стручно и апликативно подрачје
  • Аналитичност
  • Прецизност
  • Прилагодливост
  • Активно познаење на англиски јазик
  • Важечка возачка дозвола (Б категорија)
  • Целосно познавање на работа со компјутери, особено MS Office
Лични особини кои ги бараме:
  • Комуникативност
  • Самоиницијативна, позитивна и вредна личност, способна да се организира и да пристапува кон работата со позитива
  • Проактивност, фокусираност и истрајност
  • Способност за работа и посветеност на тимскиот успех
  • Смиреност и снаодливост во непредвидливи ситуации
Работни задачи:
  • Теренска работа најмалку 80% (посети)
  • Редовно и активно известување
  • Редовно планирање на посети
  • Соработка со надредените и колегите од другите држави
  • Учење и надоградување на знаењето во сите области од продажба и сервис
  • Продажба и развој на пазарот
  • Одговор на барањата во рок од 48 часа од добиен повик или е-mail
  • Стручна промоција на нови производи
  • Поддршка на корисниците на аналитичка опрема
Нудиме:
  • Работа со светски производители на лабораториска, аналитичка и процесна опрема (FOSS, ELGA, BIO-RAD, OLYMPUS, ROMER LABS, DV, RIGAKU, ANATOLIA GENEWORKS, CORMAY, ORPHEE, OGT, SLEE и други)
  • Стручни обуки и тренинзи
  • Работа во стручен тим со пријателска атмосфера
  • Работа со меѓународно опкружување
 

Сите заинтересирани можат да го испратат своето CV do 07.02.2025. на: momir.zivanovic@labena.rs со назнака (subject): SALES SPECIALIST FOR FOOD AND ANALYTICAL EQUIPMENT

Повеќе информации прочитајте на: www.labena.mk

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Farmaceutika i biotehnologija iznosi 36.814 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje