Vrabotuvanje.com - Специјалист за пресметка на плати - Скопје - РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Специјалист за пресметка на плати

Скопје

Rok prijave:

  • РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
  • Adresa: Ул. Даме Груев бр.8 Скопје Центар, 1000 Скопје


 

 
Друштвото за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА е дел од RSM International, моќна мрежа на ревизорски, даночни и консултантски експерти со канцеларии низ целиот свет. Со над 40 професионалци од најразлични профили и стручни области, подготвени сме да му одговориме на секој предизвик со кој се соочуваат нашите денешни и идни клиенти и партнери. 

Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, објавува оглас за работно место:
Специјалист за пресметка на плати за канцеларија во Скопје

Опис на работно место:
Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:
 
  • Прави подготовка и контрола на добиени основни податоци за вработените од асистентот и клиентот;
  • Изработува пресметка врз основа на добиените податоци за пресметка на плата;
  • Изработка на извештаи за пресметката и доставување до клиентот;
  • Изработка на месечна декларација и годишен извештај и нивно доставување до Управата за јавни приходи;
  • Комуницира со клиентот за прашања поврзани со добиените податоци и пресметката на плата;
  • Помага во процеси поврзани со ИТ;

Критериуми за работно место:
Кандидатот треба да ги исполнува следниве критериуми:
  • Високо образование;
  • Минимум 5 години релевантно работно искуство;
  • Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel;
  • Добри познавања од областа на ИТ;
  • Владеење на странски јазик – англиски;
  • Добри аналитички способности;
  • Уредност;
  • Одговорност;
  • Умешност да работи со голем обем на информации;
  • Работа во куси временски рокови;
  • Исполнителност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Одговорна и лојална личност;
  • Позитивен став.

​Што нудиме:

  • Можност за професионален развој во водечка компанија;
  • Стимулативен пакет за надоместоци и бенефиции;
  • Пристап до обуки и глобални ресурси за постојан развој;
  • Работа во високо професионална и етичка работна средина.

Доколку се гледате себеси како дел од нашиот тим, испратете ја Вашата професионална биографија преку полето Брза Апликација со назнака „За работно место: Специјалист за пресметка на плата“.​
 
Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
 
Придружете се кон успехот на РСМ Македонија и направете разлика во светот на професионалните услуги!

 


 

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Administrativna zanimanja iznosi 20.922 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje