Унапредувач на продажба (Мерчендајзер)
Скопје
Rok prijave:
- ВИВАКС ДОО
Вивакс е македонска компанија која постои 30 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА (МЕРЧЕНДАЈЗЕР)
(РЕГИОН - СКОПЈЕ)
Одговорности и задачи:
- Следење на продажбата и предлагање на мерки и активности за нејзино зголемување;
- Се грижи за поставеноста на производите во маркетите, ги дополнува и организира;
- Реализација на утврдените плански задачи во делот на продажбата и набавката;
- Контакти со деловните партнери со цел продлабочување и унапредување на соработката
- Промоција на нови производи;
- Испитување на потребите на купувачите и обиколка на нови потенцијални купувачи;
Потребни квалификации:
- Минимум ССС;
- Предходно работно искуство на позицијата ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола - Б категорија;
Од кандидатот очекуваме:
- Способност за работа во тим;
- Самоиницијативност, исполнителност и чесност;
- Организираност и одговорност;
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
- Увереност и лојалност;
- Презентациски вештини;
- Продажни вештини;
- Комуникативност;
- Tрпеливост и упорност;
Ви нудиме:
- Нето плата во висина од 30.000 денари (по успешно завршување на обуката и во случај на самостојно исполнување на работните обврски)
- Додаток по основ на минат труд;
- Регрес за годишен одмор;
- Службено возило;
- Можност за напредување во работата;
- Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: vrabotuvanje@vivaks.com.mk со задолжителна назнака “УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА (МЕРЧЕНДАЈЗЕР)“.
Конкурсот е отворен 10 работни дена од неговото објавување (од 30.01.2025 до 12.02.2025).
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака за позицијата на која аплицира кандидатот, НЕМА да бидат разгледани!
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!