![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/Pneumatik/head.jpg)
Пнеуматик е дел од групацијата ТДА Трејд основана уште во 1991 година како увозник и дистрибутер на пневматици (гуми) за сите видови на возила. Во изминативе 30 години постоење, компанијата е постојано рангирана во 200-те најуспешни субјекти во Македонија.
Денес, располага со вкупно четири сопствени салони во Скопје, еден во Битола и еден во Тетово, како и дистрибутерска мрежа низ целата држава. Официјален застапник е за гуми од брендовите GoodYear, Dunlop, Michelin, Cooper Tires, Kelly, Nankang, Sava, Pirelli, Fulda, Tigar, BKT, Sailun и други брендови за патнички возила, моторцикли, како и специфична земјоделска и индустриска механизација.
Пнеуматик - Визбегово има потреба од вработување на
МАГАЦИОНЕРИ
- Завршено минимум средно образование,
- Пожелно е искуство во логистика и магацинско работење,
- Уредност, посветеност и сериозност во работата
- Редовно вработување со сите придонеси
- Редовна месечна плата и солидни примања
- Исплата на К-15
- Годишни бонуси и зголемување на плата по заслуга
- Работно време во една смена
Информации за компанијата – www.pneumatik.mk
Локација – Главен магацин Визбегово, ул. “Качанички пат”
Слободни работни места – 3