Акаунтинг ИН ДОО е фирма за сметководствени и консултантски услуги. Како надворешно сметководство сме задолжени за повеќе од 100 фирми.
Поради зголемување на обемот на работа имаме потреба од
СМЕТКОВОДИТЕЛ СО РАБОТНО ИСКУСТВО
Имањето на лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност.
Од кандидатите се бара да имаат познавање од:
- Сметководствено работење - Материјално и финансово работење
- Одлично познавање и работа со компјутери (Microsoft Office)
- Познавање на Законот за ДДВ, Законот за персонален данок и Законот за данок на добивка
- Одговорност, стручност, самоиницијативност, љубезност, добра комуникација со клиентите и способност за тимска работа.
На кандидатите им се нуди:
- Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
- Годишен одмор од 20 работни дена;
- Исплата на регрес;
- Конкурентна плата, во зависност од квалификацијата и искуството на кандидатот;
- Можност за дополнително усовршување;
- Добри услови и убава работна атмосфера.
- Седиштето на фирмата е во Карпош, Скопје.
Заинтересираните кандидати да испратат кратко CV преку Брзата Апликација.