Возач
Скопје
Rok prijave:
- Чеза Комерц ДОО
ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО СКОПЈЕ - компанија со дејност трговија со зрнести производи, семки, зачини, сушени плодови, масти, масла, адитиви, ароми и суровински материјал за слаткарство, пекарство, пивска и месна индустрија, индустрија за сокови и пакување, заради зголемен обем на работа, има потреба од:
ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО
3 извршители
Услови:
- Возачка дозвола за Б и Ц категорија
- Завршено средно образование
- Предност ќе имаат кандидати со претходно работно искуство како возач
Личен профил:
- Флексибилност, педантност, прецизност и точност
- Самоиницијативност и посветеност на работата
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Прецизност и исполнителнот
- Професионален однос кон работата и енергичност
Одговорности и задачи:
- Управува со товарно моторно возило
- Врши превоз на стоки до местата наведени во патниот налог
- Се грижи за основната техничка исправност, регистрација, редовен сервис и хигиена на возило
Ние нудиме:
- Одлична плата
- Позитивна и пријатна работна атмосфера
- Можност за напредување
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV да бидат собрани и обработени од ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат о обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицираат.
Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Доколку овој Оглас е предизвик за Вас, Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите на следната е-маил адреса rabota_cezakomerc@yahoo.com со задолжителна назнака на апликацијата “ЗА ОГЛАС ЗА ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО - 3 извршител“
Напомена:
- Кандидатите кои не ги исполнуваат бараните услови кои се наведени во Огласот се молат да не аплицираат;
- САМО кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликации без назнака нема да бидат разгледани.
ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Promet, transport, pomorstvo iznosi 24.623 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!