Производителот на сувомесни производи и трговец на големо со прехрамбени производи ПЕКАБЕСКО ад заради остварување на своите цели објавува оглас за следнава работна позиција:
ХИГИЕНИЧАР - 1 ( ИЗВРШИТЕЛ )
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Средна стручна подготовка ќе се смета за предност
- Со или без работно искуство
Работни услови:
- Работниот однос се склучува на определено време од 3 месеци ( со можност за продолжување )
- Вкупни месечни примања 26.600 денари
- Неделното работното време изнесува 40 часа и се одвива во една смена
- Обезбеден е топол оброк
Работни задачи:
- Ја одржува хигиената во деловните и работните простории на Друштвото
- Го исфрла сметот на определено место
Напомена:
- Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги задоволуваат критериумитe
- Испратете го вашето CV (молба) преку полето Брза Апликација
- Апликациите да се достават заклучно со 21.02.2025 година.
Пекабеско АД