Vrabotuvanje.com - Продажен комерцијалист во сектор за индустрија за храна и пијалоци - Скопје - Primatex Branka DOOEL
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Продажен комерцијалист во сектор за индустрија за храна и пијалоци

Скопје

Rok prijave:

 

Приматекс – Скопје e една од водечките компании во регионот во областа на хигиената, со широка палета на производи од познати брендови кои ги држат водечките позиции во нивните категории (Diversey, Tork, Filmop, Vileda Professional, Bayer Environmental Science, Lucart Group, Unichem, Vikan и др.).

Преставуваме водечки регионален дистрибутер на овие светски премиум брендови на производи за професионална хигиена, со директна дистрибуција во шест главни групи на клиенти.

Приматекс нуди работа во динамична и иновативна работна средина во која активно и квалитетно се следи успехот во работењето, а развојот на кариерата и напредокот на поединците зависи од остварените индивидуални резултати. Повеќе за нашата компанија може да пронајдете на нашата веб страна www.primatex.com.mk

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, понудата наведена подолу би можела да биде можност токму за Вас.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да се пријават на конкурсот за работно место:

 

ПРОДАЖЕН КОМЕРЦИЈАЛИСТ ВО СЕКТОР ЗА ИНДУСТРИЈА ЗА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ

Главни области на одговорност:

  • Да ги води, организира, надгледува работите за реализација на продажба и маркетиншката стратегија и целите  за  делот на Индустрија за храна и пијалоци
  • Извршува теренска посета до клиентите нудејќи производи, технички решенија и апликации
  • Изработува и предлага годишен продажен план за сопствената работа во овој сектор
  • Да ги познава категориите на производи кои се нудат во секторот
  • Обезбедува проток на информации и ги координира активностите заедно со Директор на продажба.
  • Непосредно и плански го следи и анализира пазарот, дистрибуцијата, асортиманот, позиционирањето на производите и поднесува редовни извештаи;
  • Ја идентификува конкуренцијата на пазарот и известува за предностите и слабостите на конкуренцијата
  • Ги планира потребните залихи и асортиманот на производи од групите на производи според планираната динамика за продажба;

Потребни квалификации:

  • ВСС од следниве области технолог (сите насоки), доктор на ветерина, биотехнолог, земјоделски инженер (сите насоки) хемиски инженер (сите насоки), менаџмент, економија, маркетинг);
  • Солидно познавање на компјутерски апликации - Microsoft Office, посебно Excel, email;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола од Б категорија и возачко искуство
  • Работно искуство од минимум 1-3 години на соодветна или слична работна позиција – ќе се смета за предност

Што очекуваме:

  • Аналитичност и посветеност во работењето;
  • Возачка дозвола со Б категорија и спремност за теренска работа
  • Желба за учење, развој и контиунирана едукација
  • Комуникативност, самоиницијативност и одговорност;
  • Искуство од прехранбена индустрија или индустрија за храна ќе се смета за предност
  • Тимско работење, организираност и истрајност;

Што нудиме:

  • Работна во динамична компанија
  • Контиунирана едукација и напредување
  • Службен пакет за комуникација;
  • Службено возило
  • Солидна месечна заработка

Доколку имате желба да се приклучите на нашиот продажен тим, Ве молиме испратете ја Вашата биографија, работно искуство и фотографија преку полето Брза Апликација.

Сите селектирани кандидати ќе бидат повикани на разговор во нашата компанија со однапред договорен термин. 

Ве молиме без телефонски јавувања. 

Приматекс – Скопје
Бул. Александар Македонски бр.46А, 1000 Скопје

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje