ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Стручен соработник - Aдминистрирање на мрежи и сигурност
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работен однос на неопределено време
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Дизајн, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура
- Конфигурација и одржување на мрежни уреди и комуникациски врски
- Мониторинг, контрола и оптимизација на перформансите на комуникациските врски
- Конфигурирање на телекомуникациски уреди (router, switch, firewall, ips)
- Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри
- Конфигурирање и администрирање на пасивна мрежна инфраструктура
- Администрирање и извршување на регуларни резервни копии
- Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација
- Искуство во одржување на комуникациски врски и мрежни адресни шеми,
- мониторинг и оптимизација на перформанси на комуникациски врски
- Искуство во дефинирање на права на пристап на мрежно ниво и безбедност на
- Компјутерски мрежи
- Предлага нови технологии, прави соодветна анализа извештаи
- Поддршка за одредени клиенти во банката
- Електронско банкарство и мобилно поддршка
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување
- Конфигурација и интеграција на нова мрежна опрема во постоечката инфраструктура
- Искуство со network security, LAN, WAN, FW, VPN и VoIP
- Познавање на динамички рутирачки протоколи (BGR,OSPF,EIGRP)
- Пожелно е искуство во работа со Cisco, CheckPoint, Sophos, Microtik, Fortinet технологии
- Позитивен приод кон работата
- Претходно работно искуство со мрежни инфраструктури ќе се смета за предност
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk .
Огласот ќе биде активен заклучно со 20.02.2025 година.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308