Специјалист за набавка, логистика и магацинско работење
Росоман
Rok prijave:
- Синцеритас АД Скопје
- Adresa: Ул.Никола Кљусев бр.11, 1000 Скопје
Синцеритас ад е фармацевтска компанија, чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена.
Работните практики и политики се усогласени со највисоките локални и европски стандарди во фармацевтската индустрија (EU GMP) со цел производство на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.
сИНЦЕРИТАС ад ИМА ПОТРЕБА ОД
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЛОГИСТИКА
Локација: Росоман и Скопје
Специјалист за набавка, логистика и складирање е одговорен за управување со процесот на набавка, надзор на логистичките операции и обезбедување на ефикасно управување со складиштето.
Оваа улога обезбедува навремена испорака на стоки, оптимални нивоа на инвентар и ефективни односи со добавувачите.
Основни обврски и одговорности:
- Управување со логистички процеси:
- Организирање и координирање на транспорт и логистика за увоз и извоз за потребите на компанијата.
- Обезбедување ефикасно управување со транспортот, царинските процедури и следење на роковите за испорака на стоката.
- Координација со други тимови за обезбедување навремена испорака и тековно следење на логистичките операции.
- Работа со Апликацијата во царинскиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи СОЦДАТ како повластен корисник:
- Активно користење на СОЦДАТ системот за нарачка на акцизни добра, евиденција за употреба и месечно раздолжување на количини.
- Генерирање на извештаи и евидентирање на активности поврзани со увозно-извозни дозволи и логистички операции.
- Координирање со други тимови за издавање на дозволи во согласност со транспортниот и испорачен план.
- Комуникација со надлежни институции:
- Комуникација и координација со релевантни институции како што се Царинската управа, Министерството за економија, Министерството за финансии и други институции за издавање, обновување и проверка на увозно-извозни дозволи.
- Следење на промените во регулативите и законодавството за увозно-извозни дозволи и ажурирање на системот согласно новите прописи.
- Решавање на застои и проблеми во процесот на добивање дозволи и соработка со институциите за забрзување на процедурите.
- Комуникација со шпедиторски компании:
- Комуникација и координација со шпедиторски компании за оптимално управување со транспортот и царинските процедури.
- Управување со односите со надворешни логистички партнери за осигурување ефикасна реализација на транспортните активности.
- Царински процеси и царинење:
- Спроведување на увозно-извозни процедури, вклучително царинење на стоките и осигурување усогласеност со царинските прописи.
- Координирање со царински брокери и обезбедување на правилна документација за навремено царинење на стоката.
- Образование и обука на тимот:
- Обезбедување обука за новите членови на тимот во врска со користење на СОЦДАТ системот и логистичките процедури.
- Поддршка за континуирано подобрување на процесите и ефикасноста на операциите преку обуки и ажурирање на системот.
Потребни КВАЛИФИКАЦИИ:
- Образование: Високо образование во областа на логистика, транспорт, економија или сродни области.
- Искуство: Минимум 3 години искуство во логистичка поддршка, царинска документација и/или увозно-извозни дозволи, со посебно искуство во работа со Ексим системот.
- Дополнителни квалификации: Поседување на Лиценца за вршење на застапување во царинските постапки е пожелно.
- Вештини:
- Напредно познавање на СОЦДАТ системот и водење на акцизен склад на повластен корисник.
- Искусност во комуникација со надлежни институции, како и во управување со документи и извештаи поврзани со увозно-извозни дозволи и постапки за акцизно работење.
- Добро познавање на царинските и увозно-извозни прописи.
- Искусност во комуникација со шпедитерски компании и управување со логистички операции.
- Аналитичко размислување и вештини за решавање на проблеми.
- Одлични комуникациски вештини и способности за преговарање.
Лични карактеристики:
- Внимание на детали и прецизност во извршување на логистичките задачи.
- Способност за работа под притисок и ефикасно управување со повеќе задачи.
- Проактивност и одговорност при идентификување и решавање на потенцијални проблеми.
- Способност за работа во тим и координација со различни оддели и надворешни партнери.
- Способност за донесување одлуки и оптимизација на процесите.
Доколку сте заинтересирани, Ве покануваме да се пријавите со својата Професионална биографија преку полето "Брза Апликација".
![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/Sinceritas/fabrika.png)
![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/Sinceritas/Footer2.jpg)
![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/Sinceritas/Footer3.jpg)
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Farmaceutika i biotehnologija iznosi 36.814 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!