Туристичката агенција Инекс Травел започнува со својата работа во далечната 1991 година. Во својата долгогодишна дејност во областа на туризмот, постојано ги зголемуваме нашите капацитети на работа, партнерствата со голем број на агенции, тур оператори и фирми. Со сето ова се стремиме кон една единствена цел, а тоа е обезбедување на максимална професионалност и квалитетни туристички производи за нашите клиенти. Опсегот на квалитет и услуги кои што ги нудиме е обемен и рапидно се зголемува од година во година, земајќи ги пред се во предвид побарувањата на клиентите и нашите соработници.
Туристичката агенција Инекс Травел има потреба од:
ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ
Тимот на Инекс Травел ДООЕЛ има потреба од Туристички водич со следните караткеристики
- Позитивна и комуникативна личност
- Возачка дозвола ( Б категорија )
- Познавање на англиски јазик.
- Поседување лиценца за Туристички водич ке се смета за предност
Работната позиција опфаќа
- Водење на пешачки тури низ Скопје
- Еднодневни посети до Матка, Охрид и Битола и други дестинации низ Македонија.