Соработник во финансии
Скопје
Rok prijave:
- МЕГА-АУТОПАРТС ДООЕЛ
МЕГА Ауто Партс е специјализирана компанија за увоз, дистрибуција и големопродажба на автомобилски оригинални резервни делови од реномирани производители од Германија и Западна Европа. МЕГА Ауто Партс е основана во 1998 година и со текот на годините е изградена репутација на добро организирана компанија која нуди висококвалитетни автомобилски делови, одлична услуга и професионалност, позиционирајќи се како една од водечките компании во бизнисот со резервни автомобилски делови.
Поради зголемениот обем на работа МЕГА Ауто Партс го проширува својот тим и ги охрабрува мотивираните и талентирани професионалци да ги поднесат своите апликации за следната работнa позиција:
СОРАБОТНИК ВО ФИНАНСИИ ( 1 позиција)
- Образование: Завршено високо образование (VII/1) во соодветната област – економија, финансии, сметководство и ревизија
- Работно искуство: Минимум 2 години на иста или слична работна позиција.
- Познавање на финансиските регулативи, финансиска анализа и финансиско известување
- Напредно познавање и работа со MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint). Предност ќе имаат кандидатите кои познаваат работа во Pantheon
- Познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
- Извршување и анализа на финансиски трансакции
- Контирање и книжење за севкупните финансиски промени
- Анализирање на податоци: составување и анализа на финансиски податоци
- Идентификување области за подобрување на ефикасноста на работата и намалување на трошоци
- Подготовка на налози и вирмани за исплата на придонеси и други законски давачки
- Согласување на картици со комитенти
- Деловна комуникација со клиенти во врска со финансиски прашања
- Изготвување излезни фактури, анализирање, контрола и усогласување на фактури со главна книга
- Водење евиденција и чување деловните книги и сметководствени документи
Способности и вештини:
- Критичко размислување
- Високо развиени организациски и аналитички способности
- Способности за решавање проблеми, со остро око за детали и точност
- Комуникативна и позитивна личност
- Тимска работа
- Желба за учење
- Чувство за мултикултурализам и недискриминација
Доколку сте заинтересирани да градите кариера во нашата компанија и да бидете дел од нашиот тим Ве охрабруваме да испратите кратка биографија на е-маил: employment@megaauto.com.mk со назнака за позицијата за кој аплицирате но не подоцна од 16.02.2025 година.
*Напомена: Контактирани ќе бидат само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.
Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на регрутација и селекција се користат единствено за целта за која се побарани.
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Ekonomija, financije i računovodstvo iznosi 28.521 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!