![](/data/Vrabotuvanje/new site pics/se/Za nov sajt/Biotek/Biotek-Sol-Head.jpg)
Биотек ДОО Скопје е реномирана компанија основана во 1999 година која оттогаш континуирано расте и се развива и денес е докажан регионален лидер во продажба на високо квалитетна лабораториска опрема и потрошен материјал, пост-продажна поддршка и сервис, како и апликативна и техничка поддршка.
Растејќи и развајќи се, постојано го прошируваме нашиот тим и во моментов имаме потреба од:
ПРАВНИК
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (Правен факултет)
- Положен правосуден испит ќе се смета за предност
- Минимум работно искуство од 3 во областа на правото
- Добро владеење на англиски јазик (пишан и говорен)
- Возачка дозвола Б-категорија, активен возач
Потребни способности и вештини:
- Одлични комуникациски способности
- Флексибилност за индивидуална и тимска работа
- Ориентираност кон рокови
- Способност за динамична работа и работа на терен
- Способност за истовремена работа на повеќе задачи и приоретизација на истите
Главни одговорности:
- Изработка на правни акти (договори, одлуки, решенија, потврди, поднесоци, барања и сл.)
- Ревизија и дополнување на домашни и странски договори
- Следење на законските и подзаконските прописи и навремено известување на организационите единици за промените на истите.
- Ги проучува промените во законската регулатива и дава предлог мерки за прилагодување и спроведување на новите законски решенија во надлежните организациони единици на Друштвото.
- Пополнување и конторола на документација
- Обезбедува правна помош и правни мислења на вработените во организационите единици во компанијата.
- Припрема на документација, поднесување и водење на целокупна постапка за статусни промени, основање на нови организациони единици, промена на седиште, промена на ностиели на дејност и останати промени на правениот субјект пред надлежните органи
- Комуникација со институции, судови и клиенти, како и активно учество во секојдневните работни состаноци и интерни обуки
- Ажурирање на правилници, политики и процедури во областа на човечки ресурси
- Поддршка при процесот на регрутација и селекција на кандидати (објавување огласи, разгледување апликации, интервјуа, комуникација со кандидати)
- Подготовка на договори за вработување, анекси и други правни документи поврзани со работниот однос
- Следење на законската регулатива поврзана со работни односи и предлагање соодветни мерки за усогласување
- Спроведување на процесот на онбординг и следење на адаптацијата на нововработените
- Организирање и следење на обуки и професионален развој на вработените
- Управување со процесот на евалуација на вработените и подготовка на соодветни извештаи
- Разгледување и решавање на прашања поврзани со работните односи (дисциплински постапки, откази, жалби, слободни денови, боледувања и сл.)
- Одржување на кадровска евиденција и следење на работниот стаж на вработените
- Следење на задоволството на вработените преку анкети, разговори и предлози за подобрување
- Организирање тим билдинг активности, прослави и корпоративни настани
- Координација со надворешни партнери за здравствено и пензиско осигурување на вработените
Компанијата нуди:
- Можности за професионален и личен раст и развој
- Дигитализирани работни процеси со современи алатки и технологии
- Енергична и професионална работна средина
- Модерни канцеларии во центарот на градот
- Подароци за родендени и празници
- Можности за обуки и за напредок во кариерата
- Конкурентни месечни примања со надоместоци и бонуси
- Бенефиции за лојални вработени
Известување за приватност на кандидати за вработување
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
**Ги замолуваме само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови да аплицираат на огласот.
**Со поднесување на оваа апликација сте согласни да бидете дел од Базата на потенцијални кандидати и за идните новоотворени работни позиции во текот на годината. Доколку сакате Вашата Професионална биографија CV да биде избришана од системот по истек на овој Оглас за вработување, Ве молиме да поднесете барање за бришење на горенаведената е- маил адреса