
Бравар-Заварувач
СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп е во потрага по мотивирани и одговорни кандидати за позицијата Работник за изработка на Штанц алатки (матрици) за отсекување, за полно работно време. Се нудат можности и за кандидати со претходно работно искуство, како и за почетници кои сакаат да започнат кариера во оваа област. На работната позиција ќе бидете одговорни за дизајнирање, изработка, одржување и поправка на Штанц алатки (матрици) за отсекување кои се користат во различни производни идустрии (автомобилска, печатарска и др.).
Две работни позиции.
Работни задачи и одговорности:
Браварски работи и техники:
- Сечење, обликување и обработка на метални профили, цевки, лимови и други метални материјали.
- Монтажа и составување на метални конструкции според технички цртежи и зададени спецификации.
- Изработка и поправка на метални делови, огради, врати, скали, платформи и други конструкции.
- Вршење на механички споеви со завртки, нитни и други елементи
Завараувачки работи и техники:
- (CO₂) – заварување со жица и заштитен гас.
- Електрично (REL - обложена електрода) – рачно електродно заварување.
- Подготовка на површини пред заварување, чистење и обработка по завршување на процесот.
- Контрола на квалитетот на заварите и примена на соодветни мерни инструменти.
- Работа според технички цртежи и упатства за заварување.
Општи задачи и одговорности:
- Работа со различни алати и машини за обработка на метали и дрво
- Соработка со други оддели за подобрување на производствениот процес
- Надгледување на работата на браварски и заварувачки алати (аголни брусилки, бушилки, апарати за заварување и сл.), тековно сервисирање, чистење и водење детална евиденција за извршени сервисни поправки
- Запазување на стандардите од спецификациите за работа и преземање на безбедносни мерки при работата
- Користење на заштитна опрема (маска, ракавици, работно одело, заштитни обувки и сл.).
- Вршење на сродни задачи на други машини и рачни алати
- Други помошни работи во производната хала
- Желба за континуиран развој, учење и стекнување на нови знаења
Квалификации и компетенции:
За сите кандидати:
- Минимум ССС
- Добри вештини за решавање на проблеми и внимание на детали.
- Подготвеност да се обучувате и развивате во улогата Бравар-Заварувач
- Со работно искуство
Како предност ќе се смета:
- Значајно работно искуство во дејноста
- Способност за брзо учење и приспособување на нови технологии и алати ќе се смета за особена предност
- Самостојно решавање на технички проблеми и подесување на машини
- Практично искуство со користење на алати за машинска обработка и способност за читање и разбирање на технички цртежи и спецификации
- Изразени вештини за решавање на проблеми и внимание на детали ќе се смета за предност
- Познавање на странски јазик
Лични карактеристики:
- Одговорност и посветеност на работа
- Стабилна и лојална личност
- Способност за тимска работа и самостојна работа
Ќе биде направена претходна селекција согласно квалификациите и компетенциите заради определување на нивото на познавања:
- Квалификуван работник (средно ниво)
- Техничар (високо ниво)
Што нудиме?
- Атрактивна нето плата и можност за награди за посветено извршување на работните задачи, определена согласно селекцијата за квалификациите и компетенциите
- Можност за годишен бонус за работна успешност
- Додатоци и надоместоци на плата во случаи на прекувремена работа, регулиран годишен одмор и сите стандардни права согласно законската регулатива
- Обезбеден топол оброк
- Работа во прва смена
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен тим со солидно искуство во разновидни технички решенија
- Можност за напредување од личен и од технички аспект
Отворените работни позиции се за во Прилеп.
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмопреку Брзата Апликација, или јавете се на еден од следните телефони: 071/645-880 и 072/592-392. Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.