Vrabotuvanje.com - Дреар (глодалка/струг) - Прилеп - СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Дреар (глодалка/струг)

Прилеп

Rok prijave:

  • СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп


 

Дреар
(глодалка/струг)

СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп е во потрага по мотивирани и одговорни кандидати за позицијата Работник за изработка на Штанц алатки (матрици) за отсекување, за полно работно време. Се нудат можности и за кандидати со претходно работно искуство, како и за почетници кои сакаат да започнат кариера во оваа област. На работната позиција ќе бидете одговорни за дизајнирање, изработка, одржување и поправка на Штанц алатки (матрици) за отсекување кои се користат во различни производни идустрии (автомобилска, печатарска и др.).

Две работни позиции. 

Основни одговорности и задачи:

Работа со глодалка(фреза):

  • Подесување и управување со глодалка за обработка на метални, пластични или други материјали.
  • Изработка на делови според технички цртежи.
  • Прецизно одредување на брзината на вртење, длабочината на сечење и напредокот за да се добие квалитетна обработка.
  • Самостојна припрема на резен алат, стегачки тела или направи и позиционирање на парчето
  • Мерење на димензиите и проверка на прецизноста и квалитетот на готовите делови со помош на мерни инструменти (микрометар, шублер, мерачи за агол) и по потреба нивна доработка

Работа со струг:

  • Подесување и управување со конвенционален струг за обработка на метални, пластични или други материјали.
  • Изработка на делови според технички нацрт.
  • Прецизно прилагодување на алатот, брзината на вртење и напредокот за да се добие квалитетен производ.
  • Самостојна припрема на резен алат, стегачки тела или направи и позиционирање на парчето
  • Мерење на димензиите и проверка на прецизноста и квалитетот на готовите делови со помош на мерни инструменти (микрометар, шублер, мерачи за агол) и по потреба нивна доработка

Општи задачи и одговорности:

  • Надгледување на работата на машините, тековно сервисирање, чистење и водење детална евиденција за извршени сервисни поправки
  • Запазување на стандардите од спецификациите за работа и преземање на безбедносни мерки при работата
  • Вршење на сродни задачи на други машини и рачни алати
  • Други помошни работи во производната хала
  • Желба за континуиран развој, учење и стекнување на нови знаења

Квалификации и компетенции:

За сите кандидати:

  • Минимум ССС
  • Добри вештини за решавање на проблеми и внимание на детали
  • Подготвеност да се обучувате и развивате во улогата на Дреар
  • Со работно искуство

Како предност ќе се смета:

  • Значајно работно искуство во дејноста
  • Работа со CAD/CAM програми
  • Способност за брзо учење и приспособување на нови технологии и алати
  • Самостојно решавање на технички проблеми
  • Практично искуство и способност за читање и разбирање на технички цртежи и спецификации
  • Изразени вештини за решавање на проблеми и внимание на детали
  • Познавање на странски јазик

Лични карактеристики:

  • Одговорност и посветеност на работа
  • Стабилна и лојална личност
  • Способност за тимска работа и самостојна работа

Ќе биде направена претходна селекција согласно квалификациите и компетенциите заради определување на нивото на познавања:

  • Квалификуван работник (средно ниво)
  • Техничар (високо ниво)

Што нудиме?

  • Атрактивна нето плата и можност за награди за посветено извршување на работните задачи, определена согласно селекцијата за квалификациите и компетенциите
  • Обука и менторство за кандидати без работно искуство
  • Можност за годишен бонус за работна успешност
  • Додатоци и надоместоци на плата во случаи на прекувремена работа, регулиран годишен одмор и сите стандардни права согласно законската регулатива
  • Обезбеден топол оброк
  • Работа во прва смена
  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен тим со солидно искуство во разновидни технички решенија
  • Можност за напредување од личен и од технички аспект

Отворените работни позиции се за во Прилеп.

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмопреку Брзата Апликација, или јавете се на еден од следните телефони: 071/645-880 и 072/592-392. Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Proizvodnja i zanatske usluge iznosi 24.798 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje