Зад секоја успешна компанија стои силен тим. ФМС ДООЕЛ претставува млада компанија со просперитетен тим кој професионално пристапува и одговара на сите предизвици.
Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и е посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост.
Имајќи го предвид нашето разбирање за моќта на тимот, работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси. Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании дојдете и придружете ни се уште денес!
ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа:
МАГАЦИОНЕР
Опис на работата:
- Врши издавање и прием на стока на основа на испратници, повратници или други документи;
- Врши внес (Физички) и складирање на примената стока;
- Подготвува роба по претходно добиени налози;
- Врши утовар/истовар на роба која се спрема за дистрибуција;
- Одржување на хигиена, уредност и дисциплина во магацин;
Потребни квалификации:
- Поседување на возачка дозвола Б категорија;
- Диплома од средно стручно или гимназиско образование.
- Работно искуство ќе се смета за предност;
- Работа на програм за магацинско работење ќе се смета за предност.
Вештини и способности:
- Координација со колегите;
- Добри комуникациски и организациски способности;
- Уредност и педантност при работењето со целокупната документација;
- Фокус на детали;
- Висок степен на одговорност и иницијатива во работењето;
Што нудиме:
- Мотивирачка атмосфера и плата по договор;
- Полно работно време од пон-пет 07:30-15:30;
- Колективно осигурување од несреќа;
- Платени дополнителни часови прекувремено;
- Платен годишен одмор;
- Можност за напредување во кариера.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
