Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Западен регион - Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар и Охрид - МОТОЦЕНТАР ДОО
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Комерцијалист - Западен регион

Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар и Охрид

Rok prijave:

  • МОТОЦЕНТАР ДОО

МОТОЦЕНТАР  е  реномирана компанија  која е основана во 1994 г. и денеска брои  околу 200 вработени, таа e синоним за квалитет во продажбата и монтажа на пневматици од светски познати брендови.

Мисијата на МОТОЦЕНТАР е да оствари  квалитетно долгорочно партнерство со бизнис партнерите, соработниците, вработените, клиентите. Наша цел е задоволување на потребите на клиентите со високо квалитетни пневматици од светски познати брендови и достапни цени.

Со својата експертиза, искуство и професионализам, како и тимот од млади, обучени и добро подготвени луѓе сме подготвени да понудиме решение на секој проблем и предизвик што клиентите го имаат.Креираме и поддржуваме култура во која секој вработен е ценет и создаваме можности за кариерен раст и развој. Повеќе информации на: www.motocentar.com.mk

 

МОТОЦЕНТАР вработува:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ - Западен регион
(Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар и Охрид)

 

Дали си личност која е ориентирана кон продажба, остварување на резултати, со одлични комуникациски способности, енергична и амбициозна?

Ако одговорот е ДА, тогаш Мотоцентар - лидер во својата индустрија, те очекува во својот тим!

Кои ќе бидат твоите одговорности:

  • Идентификување на потенцијални клиенти во индустријата;
  • Истражување на пазарот за да се детектираат потребите на клиентите;
  • Развивање и имплементирање на продажни стратегии за да се постигнат продажните цели и да се прошири базата на клиенти;
  • Градење и одржување силни односи со постоечките, како и потенцијалните клиенти;
  • Подготовка на извештаи за продажба и прогнозирање натамошен тек на продажните активности
  • Извршување на теренска работа, регион Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар и Охрид

Потребни квалификации и вештини:

  • Средно или високо образование
  • Работно искуство во продажба минимум 3 години
  • Познавање на Албански јазик
  • Одлични комуникациски вештини
  • Ориентираност кон резултати и добри организациски способности
  • Одлично продажни и преговарачки вештини

Зошто да работиш во нашиот тим?

Одличен тим

  • работа во стабилна компанија
  • позитивна и динамична работна атмосфера
  • можност за интерен кариерен развој

Одлична плата & бонуси

  • атрактивна и фер плата
  • месечни бонуси
  • бонус за препорачан пријател
  • бонус за добредојде
  • службено возило

Поволности за вработените

  • Team building активности
  • подарок за роденден

​Пожелно е кандидатите да се со место на живеење во Тетово, Гостивар или Кичево 

 

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават CV преку полето Брза Апликација
и контакт телефон: 070/289 627
не подоцна од 15.03.2025

 

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Skladištenje i logistika iznosi 25.063 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje