
Нептун Македонија има потреба од добро организирана, доверлива, дискретна, комуникативна и самоиницијативна личност, за позицијата
АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
Потребни квалификации:
- 3-5 години искуство во канцелариско и архивско работење
- Високо образование е пожелно
- Познавање на англиски јазик, MS Office и основни вештини за работа со софтвери за управување со документи и податоци
- Јасна и професионална пишана и усна коресподенција
- Високо развиени организациски вештини, педантност, деталност, следење рокови
- Доверливост и дискретност
- Разбирање на важноста на тимската динамика и успешно придонесување во групни цели
Работни задачи и одговорности:
- Обезбедува административна поддршка на менаџерите и вработените во компанијата, асистирање во дневните канцелариски потреби и управување со генералните компаниски административни активности
- Одржува професионална пишана и телефонска комуникација
- Развива и одржува систем за архивирање согласно законската регулатива
- Ги ажурира и одржува политиките и процедурите на канцелариско работење
- Ажурира листи на контакти
- Им пружа генерална поддршка на посетителите
- Претставува лице за контакт на внатрешни и надворешни клиенти
- Одговорност за целокупната писмена документација на компанијата, за секој влезен и излезен документ во Дирекцијата на компанијата
- Водење електронска евиденција за секој влезен документи во компанијата, прием и дистрибуирање на пошта до соодветните оддели
Нашата компанија нуди
- Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
- Работа со тим на професионалци
- Можност за развој и напредување
- Бенефиции согласно позицијата
- Работно време: понеделник-петок; 07:30/08:00 – 15:30/16:00часот
Доколку сте подготвени за работа во динамична средина, каде се цени одржувањето високи стандарди во работата, ве покануваме да аплицирате на означеното поле.
Рок за аплицирање: 27.02.2025