МОТОЦЕНТАР е реномирана компанија која е основана во 1994 г. и денеска брои околу 200 вработени, таа e синоним за квалитет во продажбата и монтажа на пневматици од светски познати брендови.
Мисијата на МОТОЦЕНТАР е да оствари квалитетно долгорочно партнерство со бизнис партнерите, соработниците, вработените, клиентите. Наша цел е задоволување на потребите на клиентите со високо квалитетни пневматици од светски познати брендови и достапни цени.
Со својата експертиза, искуство и професионализам, како и тимот од млади, обучени и добро подготвени луѓе сме подготвени да понудиме решение на секој проблем и предизвик што клиентите го имаат.Креираме и поддржуваме култура во која секој вработен е ценет и создаваме можности за кариерен раст и развој. Повеќе информации на: www.motocentar.com.mk
МОТОЦЕНТАР вработува:
ВУЛКАНИЗЕРИ
Имаш искуство како Вулканизер и си во потрага да се придружиш на врвен тим и компанија која ќе ја цени твојата професионалност?
Вработи се во Мотоцентар, добиј 10.000 денари бонус за добредојде и работи со професионален тим!
Зошто да работиш во нашиот тим?
Одлична плата & бонуси
- атрактивна и фер плата
- месечни бонуси
- бонус за препорачан пријател
- бонус за добредојде
Одличен тим
- работа во стабилна компанија
- позитивна и динамична работна атмосфера
Професионален развој
- можност за персонален и професионален развој
- рамена на искуство и знаење од прогфесионален тим
Поволности за вработените
- Team building активности
- подарок за роденден
Кои ќе бидат твоите одговорности:
- проверка на гуми и проценка на штета на гумите;
- подготовка на гумите за вулканизирање
- извршување на процесот на вулканизирање;
- балансирање, монтажа, демонтажа на гуми и проверки
Доколку сте заинтересирани и сакате да добиете платена обука и вработување во Мотоцентар, доставете CV преку полето Брза Апликација
и контакт телефон: 070/289 627
не подоцна од 20.03.2025