РЕХАУ Дооел Скопје, е една од 170те локации на РЕХАУ Групацијата, присутни во 54 земји низ целиот свет. Во составот на РЕХАУ Дооел, се преставништвата во Приштина и Тирана, надлежни за пазарот во Косово и Албанија. Во нашето деловно работење активни сме во областа на: прозорски решенија, решенија за водовод, решенија за греење и ладење во објекти, канализациски и водоводни системи, решенија за производство за мебел, градинарски црева.
Водени од глобалната визија на РЕХАУ, да се создаваат решенија кои ќе го направат животот подобар, успеваме да го одржиме нашето место на пазарот, како понудувач на целосни системски решенија и подршка при проектирање и одржување на истите, секогаш насочени кон потребите на нашите партнери и крајни корисници.
За дополнување на тимот нашето продажно биро во Скопје нa oпределено време од 3 месеци потребен е
АСИСТЕНТ ВО КНИГОВОДСТВО
Accounting Assistant
нa oпределено време од 3 месеци
Задачи:
- Водење на книга на влезни фактури
- Комуникација со институции (достава на документи) – Народна Банка, УЈП, Банка
- Евивиденција во материјални картици
- Секојдневни асистентски работи за помош на книговодство
- Самостојно извршување на рутински работи – средување на документи
Профил:
- Образование – економска или слична струка
- Пожелно - не задолжително – работно искуство во книговодство
- Возачка дозвола Б – активен возач
- Познавање на работа на компјутер
- Самостојност, самоиницијативност и креативност
Oгласот е отворен до 28.02.2025.
Ќе бидат контакирани само кандидати кои одговараат на бараниот профил.