Vrabotuvanje.com - Помлад бравар - Скопје - МАКПЕТРОЛ АД
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Помлад бравар

Скопје

Rok prijave:

  • МАКПЕТРОЛ АД

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. - Скопје распишува
 
О Г Л А С
 

За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци, на работно место помлад бравар во Одделение за превентивно и тековно машинско одржување во Сектор за машински и градежни работи во Дирекцијата за одржување во Скопје.


Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование – машински/технички смер, машинобравар;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
  • Возачка дозвола Б категорија.

  • Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 07:00 часот до 15:00 часот.
  • Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
  • Основната плата за горенаведеното работно место изнесува 32.500 денари.
  • Работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
  • · Писмо за мотивација – со јасно наведено работно место за кое аплицираат;
  • Кратка биографија;
  • · Копија од диплома за завршено образование;
  • Уверение од кривична евиденција;
  • · Препорака од претходен работодавач (доколку поседува);
  • Копија од други стекнати дипломи и уверенија.
 
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. - Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
 

лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

 
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување. 
 
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
 
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид. 
 
 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Proizvodnja i zanatske usluge iznosi 24.798 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje