
East Gate Living е дел од BALFIN Group (Balkan Finance Investment Group), една од најзначајните и најуспешните инвестициони групи во регионот на Западен Балкан и пошироко. Поради проширување на инвестициите во областа на градежништвото, имаме потреба од
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР
Потребни квалификации:
- Дипломиран градежен инженер
- Докажано и долгогодишно работно искуство во градежни работи, пожелно станбени објекти (доколку е соодветно работното искуство, кандидатот може да поседува и виша стручна спрема)
- Работа со компјутери (MS Office, Auto CAD, DWG)
- Поседување возачка дозвола Б категорија
- Способност за анализа и решавање на проблеми на терен
- Развиени организациски способности и вештини за изнаоѓање решенија, темелност, систематичност и аналитичка работа, независност и иницијатива во работата, внимание на детали
- Раководење со тим од технички кадар и општи работници на градежните објекти;
- Редовно водење на градежни книги и дневници, како и изработка на ситуации и друга техничка документација за објектите за кои што е одговорен;
- Ја следи и контролира изведбата на станбените проекти
- Соработка со архитектонскиот тим и изнаоѓање решенија за конструктивните системи кои се предмет на обработка
- Го контролира и проверува квалитетот на извршувањето на сите видови работи и примената на прописите, стандардите, техничките норми и мерки за БЗР
- Надзор на градилиштето, координирање и усогласување на работата според градежни проекти;
- Одговорност за рокови за изведба, квалитет, продуктивноста и ефикасноста на работата
- Плата: 65.000 ден + бонус од остварени заштеди
- Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот (од понеделник до петок).