За компанијата:Приказната за Лисца започнува во 1955 година кога ентузијастичките соништа почнуваат да се претвораат во реалност. Со тешка работа, напредни идеи, љубов кон модата и страст кон убавината, Лисца станува една од водечките производители на долна облека и костими за капење во Југоисточна Европа.
Европски дизајн, уникатни креации, потполно прилегање, квалитет и удобност.
Распишува оглас за вработување со полно работно време на определено
- Продажен салон на Лисца во City Mall во Скопје
Раководител на продажно место
(1 ИЗВРШИТЕЛ)
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве квалификации:
- ССС (ВСС – VII/1 се смета за предност);
- Работа со компјутери – MS Office
- Работно искуство од минимум три години
Работни задачи:
- Водење на документација,
- Презентирање на производите и нивна продажба,
- Прием и изложување на роба според стандардите на компанијата
- Одговорност и организираност во работата,
- Почитување на кодексот на однесување на фирмата,
- Комуникативност, љубезност и непосредност,
- Спремност за долгорочна соработка.
Продажен Асистент - Diamond Mall
(1 ИЗВРШИТЕЛ)
Продажен асистент - City mall
(1 извршител)
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве квалификации:
- ССС (ВСС – VII/1 се смета за предност);
- Работа со компјутери - MS Office
- Работно искуство во продажба
- Одлични комуникациски вештини
Работни задачи:
- Презентирање на производите и нивна продажба,
- Прием и изложување на роба според стандардите на компанијата
- Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање
- Одговорност и организираност во работата,
- Почитување на кодексот на однесување на фирмата,
- Комуникативност, љубезност и непосредност,
- Мотивација за тимско работење
Доколку сакате да бидете дел од нашата екипа пратете ни ја својата биографија со слика преку полето Брза Апликација или вашето CV испратете го на:
e-mail: lisca@lisca.mk
Огласот трае 7 (седум); дена од денот на објавувањето.
Само апликациите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани.