НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје, е Компанија од фармацевтската индустријa, дел од групацијата PHCANN INTERNATIONAL, лоцирана во Индустриската зона Ќојлија- Петровец, која располага со најсовремен производствен простор за indoor култивација на канабис и работи по највисоките европски стандарди за производство на производи од канабис за медицинска примена. Ние сме сертифицирана компанија по EU GMP стандарди.
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ (1) Извршител
Работни задачи
- Прибирање и обработка на податоци врз основа на сметководствени документи, подготовка и водeње трговски/деловни книги учество во составување на годишна сметка и/или финансиски извештаи во согласност со закон.
- Контролирање на целокупната влезно-излезна документација, односно правилно распоредување на документите по класи и конта почитувајќи ги законските прописи врзани за сметководството.
- Правилно и ажурно книжење на добиената документација во ERP системот, проверка на аналитички картички по конта.
- Усогласување на книговодствената документација со стварната, како и усогласување на материјалното книговодство со финансиското.
- Ликвидирање, контрола на документацијата што се однесува на благајничкото работење, вклучувајки контрола на персоналниот данок од доход.
- Учествува во воспоставување, одржување и координација на имплементацијата на книговодствените и контролните процедури.
- Проверува податоци од увозни и извозни декларации.
- Изработка на извештаи за државни институции, завод за статистика, НБРМ.
- Распоред на трошоците по работни единици
- Следи уплати по излезни документи
- Во координација со Раководителот на Одделот Сметководство, го известува Директорот на Сектор за сите проблематични сметководствени документи.
- Учествува во изготвување на годишни сметки и финансиски извештаи .
- Ги следи законските прописи и други општи акти од областа на даноците, сметководство, МСФИ и МСС, финансиско-материјално работење и дадените насоки и упатства за извршување на работите задачи.
Лични карактеристики и вештини кои ги цениме:
- Одговорност
- Доверливост
- Способност за следење и почитување на пропишани упатства и процедури
- Способност за тимска работа
Потребни квалификации на нашите кандидати:
- ВСС – образование
- Работно искуство во производствен процес ќе се смета за предност
- Уверение за овластен сметководител издадено од Министерството за финансии
- Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и internet). Напредно познавање на Word Excel ќе се смета за предност.
- Работно искуство најмалку до 3 години (со претходно работење во некој од сметководствените системи)
- Потврди за неосудуваност (казнена и кривична евиденција)

Потребни документи:
- Писмо за интерeс
- Биографија (CV)
- Фотографија не постара од шест месеца
- Копија од уверението за овластен сметководител
Нема да бидат земени во предвид кандидатите кои немаат Уверение за овластен сметководител.
Компанијата има организиран превоз
Работно време 08:30 – 16:30часот
Доколку сметате дека вашите вештини и знаење одговараат на нашите потреби, повелете испратете ја вашата апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
Процесот за одбирање ќе трае до 10 дена по завршување на огласот.
Кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени и зачувани исклучиво за потребите на регрутација и селекција од страна на НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје.