Асистент во сектор ревизијa
Скопје
Rok prijave:
- РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
- Adresa: Ул. Даме Груев бр.8 Скопје Центар, 1000 Скопје
Друштвото за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА е дел од RSM International, моќна мрежа на ревизорски, даночни и консултантски експерти со канцеларии низ целиот свет. Со над 40 професионалци од најразлични профили и стручни области, подготвени сме да му одговориме на секој предизвик со кој се соочуваат нашите денешни и идни клиенти и партнери.
РСМ МАКЕДОНИЈА, објавува оглас за работно место Асистент во сектор ревизија за канцеларија во Скопје:
Како дел од секторот за ревизија на оваа позиција, Вие ќе:
- Помагате во вршење на активности во ревизија
- Прегледувате и подготвувате работни документи
- Известувате за наоди
- Учествувате на состаноци за тековно планирање
- Комуницирате и соработувате со колеги и клиенти
- Ќе спроведувате постапки за тестирање и уверување
- Правите подготовка на ревизорска документација
Вашите идеални квалификации за оваа работна позиција се:
- Високо образование – Економски факултет (насока Сметководство и ревизија се смета за предност)
- Со или без работно искуство
- Тимски играч и способност за комуникација
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office, особено MS Excel
- Уредност и посветеност кон детали
- Желба за теренска и канцелариска работа
- Демонстрирање на цврста работна етика
Ние ви нудиме:
- Менторство, поддршка и соработка со одлични колеги и работа во тим од професионалци
- Можност за долгорочна кариера
- Постојан професионален раст и развој
- Можност за обуки за усовршување во областа
- Шанса да имате значајно влијание врз нашата организација
- Интересни тимски активности
- Канцелариски погодности, пијалоци и грицки
Вашата професионална биографија, ја очекуваме на: hr@rsm.mk, со назнака „За работно место: „Асистент во сектор ревизија“.
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Ekonomija, financije i računovodstvo iznosi 28.521 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!