Vrabotuvanje.com - Оператор во производство - Скопје - ПИВАРА СКОПЈЕ АД
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Оператор во производство

Скопје

Rok prijave:

  • ПИВАРА СКОПЈЕ АД

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

ШТО НУДИМЕ: 

  • Можност за вработување на кандидати со и без работно искуство
  • Можност за продолжување на договорот на неопределено време
  • Платена сменска работа и работа на празник
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Обезбедена обука за работа
  • Обезбедена ХТЗ опрема
  • Обезбеден топол оброк и пијалоци во текот на работниот ден
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • Можност за обуки и развој поддржани од две интернационални компании
  • Фит кит –бесплатна месечна членaрина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски и други активности за подобрување на вашето здравје

РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • Пакување и препакување на производ во шишиња и лименки 
  • Одговорност за целокупната работа во смената и исполнување на производниот план во својата работна зона, водење евиденција  за произведени количини 
  • Отстранување на евентуални помали неправилности на машината (има обука)
  • Учество во дневни тимски состаноци пред почеток на смената и преглед на завршени и тековни активности
  • Следење, надгледување и контрола на процесот на пакување според стандарди

ШТО БАРАМЕ

  • ССП во областа на Прехранбени технологии, Електро-техника, Машинство или Автоматика
  • Мотивација за работа во динамично и напредно технолошко окружување

 

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 31.03.2025г.

 

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Prijavi se na oglas
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Instalacije, održavanje i popravci iznosi 24.722 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje