СОС Детското село е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
СОС Детско село Скопје објавува 1 (едно) работно место:
ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
(замена за породилно отсуство)
Локација: СОС Детско село Северна Македонија, ул. Ристо Шишков, 31 Скопје
Рок за аплицирање: 21.03.2025
Кои сме ние?
СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалното семејство на СОС Детски села Интернационал – водечка организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е јасна – секое дете заслужува љубов, грижа и поддршка за да прерасне во самостојна и успешна личност. Преку нашите програми, обезбедуваме сигурен дом, грижа, едукација и психосоцијална поддршка, помагајќи им на децата да изградат подобра иднина. Наша визија е секое дете да расте во сигурна и грижлива средина. Доколку сакате да бидете дел од оваа приказна – ве покануваме да ни се придружите!
Што ќе правите како финансиски асистент?
Финансискиот асистент ќе обезбедува ефикасно управување со буџетите, финансиските ресурси и проектните финансии на организацијата.
Вашите главни одговорности ќе бидат:
- Буџетирање и финансиско планирање
- Координирање на процесот на буџетирање и реалокации
- Внесување буџети во софтверски систем
- Подготовка на извештаи за буџетски отстапувања
- Поддршка на менаџерите при подготовка на буџетски реалокации
- Банкарски плаќања
- Контрола и извршување на банкарски плаќања
- Управување со девизни приливи и комуникација со банки
- Сметководствена поддршка
- Поддршка на сметководителите во секојдневните операции
- Пресметка на дневници за службени патувања
- Осигурување на усогласеност со законските и интерните финансиски процедури
Што бараме од вас?
- Образование: Диплома по финансии, сметководство или ревизија
- Искуство:
- Најмалку 1 година искуство во електронско банкарство и подготовка на буџети
- Најмалку 1 година искуство во пресметка на патни налози и сметководство
- Лиценца за сметководител/овластен сметководител (ќе се смета за предност)
- Вештини:
- Одлично познавање на MS Excel
- Познавање на англиски јазик
- Аналитичност, организираност и прецизност
- Познавање на софтвер D365 (ќе се смета за предност)
Што нудиме?
- Вработување во стабилна и реномирана организација со хуманитарна мисија
- Договор на определено време од 1 година (замена за породилно отсуство)
- Пријателска и поддржувачка работна средина
- Финансиски пакет согласно искуството и квалификациите
- Можност за учество во значајни проекти што прават разлика во животите на децата
- 1 ден во неделата работа од дома
Како да аплицирате?
Ако се гледате во оваа улога и сакате да бидете дел од нашата мисија, испратете ни професионална биографија најдоцна до 21.03.2025 на следниов ЛИНК.
Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика!
Ниту едно дете не треба да расте само!