Vrabotuvanje.com - Стручен соработник за продажба - Скопје - Елта 90 Молекуларна Медицина ДООЕЛ Скопје
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Стручен соработник за продажба

Скопје

Rok prijave:

  • Елта 90 Молекуларна Медицина ДООЕЛ Скопје


 

Компанијата ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА (ELTA 90 Molecular Medicine) дел од ЕЛТА 90 групацијата, е една од водечките компании за продажба на опрема и лабораториски потрошен материјал во повеќе области од медицината.

ЕЛТА 90 на ниво на групација е присутна во повеќе земји што овозможува чекор понапред во следењето на светски трендови од областа на: молекуларна биологија, микробиологија, биохемија, биотехнологија, патологија, ИВФ итн.

Во ЕЛТА 90 работи високо мотивиран и квалификуван кадар, со особено искуство во областа на својата професионална распределба, кои несебично го користат своето знаење во насока на пронаоѓање на соодветната медицинска опрема и идеални решенија за потребите на клиентите.

Поради зголемување на обемот на работа и проширување на веќе постоечкиот тим, има потреба од следната работна позиција:

Стручен соработник за продажба

Одговорности и задачи:
  • Организирање и координација на предпродажни и продажни активности
  • Развој на пазарот и одржување на истиот
  • Развој на проекти, преговори и реализација на договори и продажби
  • Анализа на потребите и потенцијалите на пазарот и превземање соодветни активности на терен
  • Придржување и исполнување на зададените цели, согласно стратегијата на компанијата
  • Апликативна подршка на клиентите
  • Активна посета на терен
  • Коoрдинирање и извршување на продажба преку закажување на состаноци со потенцијални клиенти и воедно учествува во реализација на истите
  • Предлагање на акции, проекти и други активности со цел достигнување на планираната продажба
  • Подготовка на понуди во соработка со други позиции, и во согласност со техничките и комерцијалните барања на крајниот корисник
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Претходно искуство во сектор за продажба ќе се смета за предност
  • Добри способности за говорна комуникација
  • Добри способности за пишувана комуникација
  • Тимска работа, самоиницијативност и превземање на одговорност
  • Познавање на компјутерски вештини
  • Познавање на англиски јазик
 
Кои моментални познавања би те издвоиле?
  • Одредено познавање на индустријата со која се занимава нашата компанија
  • Аналитичност во работата
  • Проактивност и самоиницијативност
  • Способност за тимска работа и ориентираност кон детали

Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV преку полето Брза Апликација.

Brza prijava
Pošalji prijatelju Isprintaj

USPOREDITE SVOJU PLAĆU

Prosječna plaća u kategoriji
Prodaja (Trgovina) iznosi 22.310 MKD.

Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!

Kreni

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje