СОС Детското село е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
Здружението СОС Детско село Скопје во рамките на Проектот за развој на индивидуално донаторство објавува 1 (едно) работно место:
СОРАБОТНИК/ЧКА ЗА ПРОГРАМА ЗА ЛОЈАЛНОСТ
(замена за породилно отсуство)
КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:
- Контактирање со актуелните донатори преку различни комуникациски канали (телефон, е-пошта, пошта и сл.)
- Следење и спроведување на сите фази од Програмата за лојалност
- Ажурирање на постоечките и внесување нови податоци во системот
- Анализирање на ефективноста на програмата и подготовка на извештаи
- Решавање на приговори и комуникација со донаторите за нивните предлози и барања
- Поддршка на одделот за индивидуални донатори преку месечни анализи и административни задачи
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Минимум средно образование
- Најмалку 2 години искуство во кол центар, телемаркетинг или директна продажба
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Познавање на Salesforce или друга CRM платформа ќе се смета за предност
- Одлични компјутерски вештини, особено работа во Excel
- Познавање на англиски јазик
- Прецизност, аналитичност и проактивност во работата.
- Позитивен став, упорност и желба за работа на хуманитарна мисија
ШТО НУДИМЕ:
- Договор на определено време (1 година) – замена за породилно отсуство
- Вклучување во хумана мисија и можност за градење значајни односи со донатори
- Динамична и поттикнувачка работна средина
- Континуирани можности за личен и професионален развој
Доколку сакаш да бидеш дел од мисија на СОС Детско село – ова е вистинската можност за тебе!
Стани дел од тимот што менува животи, затоа што -
Ниту едно дете не треба да расте само!
Краен рок за аплицирање: 31.03.2025