
Вработување ХР Солутионс за потребите на клиент е во потрага по:
КООРДИНАТОР ЗА МАЛОПРОДАЖБА
кој ќе биде одговорен за водење и унапредување на малопродажната мрежа од повеќе продавници во Скопје и низ Македонија.
Главни обврски:
- Водење и унапредување на малопродажната мрежа.
- Организирање на сите операции во продавниците и распределба на одговорностите на вработените.
- Насочување и мотивирање на персоналот за постигнување на максимални перформанси.
- Следење и унапредување на главните метрики и КПИ со цел подобрување на ефикасноста на продавниците.
- Изготвување на планови и активности за продажба и приходи.
- Постигнување на комерцијални цели и зголемување на продажбите.
Квалификации и вештини:
- Искуство во водење на тим и управување со малопродажна мрежа.
- Одлични комуникациски и интерперсонални способности.
- Изградени вештини за организација и лидерство.
- Развиен аналитички пристап и силна комерцијална свест.
- Познавање на методите за анализа на податоци и нивна интерпретација.
- Познавање на англиски јазик.
- Поседување на возачка дозвола-Б категорија.
Што нудат:
- Редовни примања и можност за напредување.
- Можност за работа во современа и динамична работна средина.
- Професионален развој и постојано надградување преку учество на обуки, саеми и семинари.
- Можност за напредување во кариерата и работа во меѓународен контекст.
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата апликација преку полето Брза Апликација.
Ви благодариме за Вашиот интерес.