Работник во производство (Пакувачи)
Скопје
Rok prijave:
- ВИВАКС ДОО
Вивакс е македонска компанија која постои 30 години и брои повеќе од 120 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО - ПАКУВАЧИ
Одговорности и задачи:
- Работи на производни линии за припрема и полнење на сокови
Потребни квалификации:
- Минимум ССС
- Со или без работно искуство
Од кандидатот очекуваме:
- Способност за работа во тим.
- Самоиницијативност, исполнителност и чесност.
- Организираност и одговорност.
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
- Ефективна вербална комуникација.
Ви нудиме:
- Mесечна плата за првиот месец на работа (со можност на зголемување на платата од вториот месец на работа) во висина од 29.000 – 32.000 денари (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција и додатоците на плата по основ на: бонуси, минат труд, ноќен труд, прекувремена работа и други, согласно законските прописи)
- Исплата на регрес за годишен одмор
- Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи
- Обезбеден оброк
- Работа во пријатна и позитивна атмосфера
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: vrabotuvanje@vivaks.com.mk со задолжителна назнака “РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО“.
Конкурсот е отворен 10 работни дена од неговото објавување (од 14.03.2025 до 27.03.2025).
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака за позицијата на која аплицира кандидатот, НЕМА да бидат разгледани!
USPOREDITE SVOJU PLAĆU
Prosječna plaća u kategoriji
Proizvodnja i zanatske usluge iznosi 24.798 MKD.
Saznaj plaću za željenu poziciju prema svojim kvalifikacijama!