ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:
АНАЛИТИЧАР ЗА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ
- Изготвување финансиски анализи, финансиски извештаи и други извештаи за работењето на Друштвото;
- Учествува во усогласувањето на работењето на Друштвото и извештаите на Друштвото со работењето на групациско ниво;
- Изготвување финансиски податоци неопходни за изготвување на Бизнис плановите на Друштвото;
- Соработува со внатрешната и надворешна ревизија за изготвување на извештаи за финансиското работење.
- Вработување на определено времетраење, со можност за продолжување на договорот за вработување и понатамошна трансформација на неопределено време;
- Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
- Конкурентна плата, во зависност од квалификацијата и искуството на кандидатот;
- Работа во динамична, развојна и пријатна средина;
- Можности за развивање и континуирано персонално усовршување;
- Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.
- Високо образование од областа на економските науки;
- Работно искуство од најмалку 2 години во доменот на вршење на финансии и осигурување;
- За предност ќе се смета работно искуство во друштво за осигурување;
- Солидно познавање на работа со компјутери и MS Office;
- Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;
- Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
- Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;
- Комуникациски способности, способност за тимска работа.
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик преку полето Брза Апликација со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 24.03.2025 година. Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате.