Бараме:
АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК
За нас:
Друштвото за ревизија Расел Бедфорд Атанасовски е правен наследник на Друштвото за ревизија Б и Љ, Боро и Љупчо ДОО, основано во 1994 година како прво ревизорско друштво и е на пазарот повеќе од 25 години. Во 2019 година станува член на меѓународната мрежа за ревизија, сметководство и консалтинг Russell Bedford International.
Russell Bedford International е глобална мрежа на независни фирми сметководители, ревизори, даночни советници и деловни консултанти. Рангирана е како една од најголемите мрежни сметководтсвени мрежи.
Russell Bedford е претставена од околу 700 Партнери, 6500 вработени и 350 канцеларии во 100 земји низ цела Европа, Америка, Средниот Исток, Африка, Индискиот под-континент и Азија – Пацифик.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Извршување на тековни административни задачи и организација на документи.
- Комуникација со вработените, партнери и клиенти.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Работно искуство ќе се смета за предност
- Работа со компјутерски програми / MS OFFICE
- Со завршена ССС или ВСС
- Одлични комуникациски вештини,
- Дискретност и професионалност.
НИЕ НУДИМЕ:
- Пријатно работно опкружување во тим кој вреднува соработка.
- Можности за личен и професионален развој.
- Конкурентна плата и бонуси врз основа на резултати.
- Стабилна работа во компанија која веќе долго време е лидер во својата индустрија.
- Полно работно време 40 работни часа неделно од Понеделник до Петок / 07 30 до 15 30часот
Заинтересирани?
Доколку сте заинтересирани за работното место, Ве молиме доставете ја вашата биографија преку полето Брза Апликација.